Дали Обама ќе ни ги помати сметките за „Медена земја“?

„Медена земја“ веќе влезе во историјата. Тоа е првиот филм во светската кинематографија истовремено номиниран во категоријата најдобар документарец и во категоријата најдобар интернационален филм. Како што Џејк Којл напиша во својата рецензија за „АП Њус“, двојната чест го прави тивок револуционер на Оскарите, но дали тоа значи сигурна награда за најпрестижното филмско доделување на награди? 

Според влијателните „Њујорк тајмс“ и „Асосиејтед прес“ во понеделник наутро Македонија дефинитивно нема да се радува на таков историски успех. Којл објаснува дека иако „Медена земја“ заслужува да победи во обете категории, тоа нема да се случи.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Ана Бекута го истопи салото, а во тоа ѝ помогнаа две состојки

Српската пејачка Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ се на диета која дефинитивно дава резултати.

Парот одлучил да држи диета, така што популарната пеачка “пресекла“ и рекла дека мора да се откаже од некои работи поради здравје и подобар изглед.

Партнерот на Ана се пофалил дека за една година успеал да ослаби неверојатни 25 килограми, додека Ана ослабела 17 килограми за неколку месеци.

Тајната на Милутин е во тоа што ја променил исхраната, не пие и одбегнува балаго и леб, и дека во текот на денот има 4 или 5 помалку оброци. Меѓутоа, Ана за разлика од Милутин води посебен режим за исхрана, кој и помогнал да ослаби нешто побрзо од него.

Пеачката открила каков режим на исхрана има и кои зачини и помогнале да дојде до целта. Таа секоја недела има ново мени по кои подготвува јадења за себе а во исхраната најмногу користи овошје, зеленчук, додека месо подготвува во мали количини. Ана исто така одбегнува сол во храната, а од зачини става доста бибер и куркума.

Пеачката, покрај ваквата исхрана води сметка и за изгледот, па се пофали дека редовно вежба, а посебно внимание обрнува на кардио тренинзите. Таа исто така препорачува доста течности како што е чај и вода. Покрај одличниот изгледа многума забележале дека Ана ја променила бојата на коста и дека се разубавила.

ФОТО: Татјана Лазаревска го прослави својот роденден

Македонската пејачка Татјана Лазаревска која живее во Австралија заедно со сопругот, пејачот Новица Василевски и двајцата синови славеше роденден заедно со своите најблиски. Таа направи тематска забава на која сите дојдоа маскирани.

На Инстаграм објавила и фотографии од забавата, со кои се пофалила дека специјални гости биле Аца Лукас, Јелена Карлеуша и Зорица Брунцлик, мислејќи на своите пријатели маскирани. Таа пак, се маскирала во Тања Савиќ. Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

"AVLIJE,AVLIJE" ZORICA I KEMIS #balkannight #balkanmusicc

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

ФОТО: Брена покажа како ужива, а коментарите не престанаа

Лепа Брена објави фотографија од Мајами и ги воодушеви своите фанови. Се работи за луксузна вила која има 400 квадрати и се наоѓа на самото море.

Брена и сопругот Боба се доста познати личности за соседите кои се до нив, а се проценува дека одржувањето на оваа вила месечно ги чини 2.000 долари.

Среќниот пар неодамна прослави 28 години брак, а сеуште изгледаат заљубени како и првиот ден. Дека постојано се некаде и во движење говорат фотографиите кои ги објавија пред само некој ден, кога по повод Денот на вљубените, парот замина во Црна Гора и уживаа на романтичен начин на дожд.

Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.

За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.

Популарно