Се огласија од тимот на „Медена земја“ : „Благодарам што не бодревте и верувавте во нас“

Македонскиот филм „Медена земја“ не успеа да се закити со ниту еден оскар иако беше номиниран во две категории – за Најдобар документарен филм и за Најдобар интернационален филм иако се работи за документарец, а со тоа направи и историски успех, затоа што е првиот филм било кога којшто е номиниран заедно во овие две категории.

Цела Македонија ги бидреше изминатата ноќ, и е горда на нивниот историски успех, а сега преку социјалните мрежи се огласија и од тимот на Медена земја. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост во продолжение:

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас.

Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни.

На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“

ВИДЕО: Ова е убедливо најнавредливата ТВ серија на сите времиња

Повеќе од стотина илјади гледачи на различна годишна возраст учествуваа во истражувањето на Senior Living за тоа која телевизиска серија ја сметаат како најнавредлива.

Во истражувањето учествуваа припадниците на така наречените генерации "baby boomers", "X generations", "Millenials" и "Z generations". Се покажа дека најмногу ги навредува гледањето на сексуално насилство на ТВ, потоа шегите за лицата со инвалидитет, а потоа расистички шеги. Како најнавредена група на гледачи се покажаа "Baby Boomers", односно генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година.

За најнавредливо ТВ шоу некогаш прикажано на телевизија е South Park со дури 30,7 %. На второто место се најде Family Guy со 10,5 %, а на трето место е Jerry Springer со7,1 %.

Во топ пет се најде и американскиот стиком All in the Family и хумористичната серија Married with Children.

Најнавредлив ТВ лик е Ерик Картман од South Park со 18,7 гласови, потоа Арчи Банкер од All in the Family so 14,5 %. Третото место го зазеде Питер Грифин од Family Guy, а четвртото место е за Розен од истоимената серија. Интересно е дека на шестото место се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите турски актерки се плашат од неа

Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат.

Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител.

Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.

Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.

Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија.

Сега има ново момче.

ФОТО: Малиот Осман од „Бурни времиња“ стана прав ГАЗДА!

Малиот Осман стана голем газдa. Емир Берке Зинџиди (Осман ) е сопственик на агенција за кастинг и филм.

Малата ѕвезда на Бурни времиња Емир Берке Зинџиди има само 6 години, а веќе е сопственик на филмска агенција. Татко му Беркант кој е поранешен манекен и мајка му Севги Зинџиди по неверојатниот успех на нивниот син, отворија подуцентска и кастинг агенција.

Во агенцијата која активно работи од 2010 година има 50 мали актери, 31мажи , 25 жени.

Приказна што започнува во шеесетите години. Малиот Осман ја раскажува приказната за неговиот татко Али(капетанот на големиот брод).Тој на долгите пловидби се заљубил во згодната холандинка Каролин и тие на морето ја започнале својата љубовна приказна. Додека него го чека неговата сопруга Џемиле со своите три деца: Берин, Мете, Ајлин и најмалиот син Осман.

Али ги преноќувал ноќите со големи и страшни бури.Кога тој се враќа тој со себе го донесува немирот на страшната бура. И повеќе се не исто.Истовремено ќе се пресели и згодната Каролин во Истанбул.Па тие ќе ја започнат одново нивната љубовна приказна. Тој од својата куќа ги брка Џемиле и неговите деца.Нови сплетки се случуваат во приказната понатаму во приказната за семејство на господинот на Али.

Погледнете како изгледа сега:

Популарно