ФОТО: Со гас маска се шета низ скопски Хром

Наш сограѓанин е забележан во населбата Хром како се шета со заштитна маска. Иако тој е свесен дека ги привлекува погледите на случајните минувачи, сепак тој не обврнува внимание и си ужива во маската.

Испратено од Виктор

Фото: Само „свој може да те зафркне“

На социјалните мрежи се споделени фотографии каде пајак службата на Град скопје „подгинува“ наводно неправилно паркирано возило на паркинг службата на општина центар. Дали станува збор за „тивка војна“ помеѓу овие две „конкурентски“ компании???

Евакуација во Сити Мол по дојава за бомба

Дојава за бомба ги вознемири купувачите во трговскиот центар Сити Мол во Скопје. Според информациите од МВР во 12:10 било пријавено дека во трговскиот центар има поставено бомба.

Екипи на единицата за антитероризам веќе се во трговскиот центар и вршат пребарување, а присутните купувачи и вработените итно биле евакуирани.

Истовремено, во трговскиот центар избил и пожар во една сендвичара, но од МВР велат дека веројатно двата настани немаат поврзаност. Наша екипа е на терен, наскоро очекуваме повеќе информации.

Популарно