Паприкаш со спанаќ
СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
1 морков
1 свежа пиперка
малку смрзнат зеленчук
3 поголеми компири
300 гр спанаќ
1 лажица ајвар
1 мала шолја одмати
црвена пипер
листови магдонос
сув зачин
сол
бибер
ловоров лист
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете главица сечкан кромид, па додајте сечкани моркови на кругови и исечкана пиперка. Додајте смрзнат зеленчук по желба и динстајте. Потоа додавајте ајвар, пипер, компир исечкан на коцки, мелен домат и крупно сечкан спанаќ. Додајте и ловоров лист, па гответе на тивок оган околу 30 минути.
Можете да додадете и малку тестенини. Посолете, по вкус додајте зачини и листови магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: