Ужасната приказна конечно доби епилог

На гробиштата во американскиот град Индијана се погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои минатата година се пронајдени во гаражата на еден доктор во преградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор одржа тамошниот јавен обвинител.

Во гаражата и во автомобилот на докторот Улрих Клопфер се најдени дури 2411 фетуси. На ужасното откритие наидоа членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019 година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги извршил во периодот меѓу 2000 и 2003 година, но истражителите не сакаат да откријат како дошле до тие информации, но открија дека абортусите Клопфер не ги вршел во својата куќа.

Како што објави Си Ен Ен, фетусите се најдени во мали запечатени пластични кеси со формалин.

Во светот досега се регистрирани 735.041 лице заразени со новиот коронавирус

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 735.041 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 34.806, а оздравеле 156.137 луѓе.

– Австриската Влада донесе одлука дека сите жители ќе мора да носат заштитни маски при одењето во продавница. Кога на трговските синџири ќе им стасаат заштитните маски, секој купувач ќе добие една при влезот во продавницата.

– Во Бих почина првозаразениот пациент од коронавирус во таа земја. Мостарецот бил повеќе денови во тешка здравствена состојба. Со тоа, бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на осум лица.

– За 24 часа во Иран починаа уште 117 лица, со што смртниот биланс се зголеми на 2757 пациенти. За едно деноночие во земјата има 3.186 новозаболени, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 41.495 лица.

– Во Словенија се зголеми бројот на заразени лица и сега изнесува 756, што е за 26 повеќе од претходниот ден. Вкупно 115 лица се наоѓаат во болница поради Ковид-19.

– Во Шпанија во последните 24 часа починаа 812 лица. Во земјата од коронавирус починаа 7.340, а од 30 јануари, кога беше првиот случај, во Шпанија има вкупно заболени 85.195 лица.

– Мултимилионерот Џорџ Сорос ќе донира еден милион евра на Унгарија за борба против коронавирусот.

– Министерот за здравство на Република Српска Ален Шераниќ изјави дека во Бања Лука од тестирани 186 лица, само едно било позитивно.

– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во борбата против коронавирусот одобри користење на антималариските лекови клорокин и хидроксиклорин, но исклучиво во болнички услови.

– Се очекува денеска унгарскиот Парламент да го поддржи законот со кој ќе му се дадат повеќе овластувања на премиерот Виктор Орбан. Законот ќе и овозможи на Владата да ја продолжи вонредната состојба, без потреба парламентот тоа да го прави. Се воведуваат и казни затвор до пет години за сите кои шират лажни вести за коронавирусот или за мерките против Ковид-19.

– Во Швајцарија од последиците на коронавирус починаа вкупно 295 лица. Во последните 24 часа во таа земја од вирусот починаа 38 лица. Вкупниот број заразени се зголеми од вчерашните 14.336 на денешните 15.475 лица.

Италијанец роден во 1919 година го победил коронавирусот

101-годишен старец бил пуштен од болница во Италија откако било утврдено дека го совладал коронавирусот. Ова стои во соопштението на заменикот градоначалник во италијанското градче Римини.

Човекот минатата недела бил примен во болницата во Римини на североистокот во Италија и бил тестиран позитивен на Ковид-19.

Надлежните велат дека ова е “посебен случај” и единствен случај на човек со толку години да го совлада вирусот, што според нив “ќе даде надеж за во иднина”.

Човекот е роден во 1919 година, во истиот период кога во светот постоел шпанскиот грип, пандемија која убила од 30 до 50 милиони луѓе во светот.

Ги преживеал Првата и Втората светска војна и сега е најстариот пациент кој оздравел од коронавирусот.

Видео: Трамп шокира и во време на коронавирусот

Болниците се пренатрупуваат со респиратори што нема да ги користат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа се обрати до јавноста во врска со повеќе теми кои се однесуваат на пандемијата на коронавирусот. Тој практично ги обвини болниците дека набавуваат премногу респираторни апарати, кои во моментов се дефицитарни во САД, нагласувајќи дека оние болници кои нема да ги користат, дека ќе мораат да се ослободат од нив.

-Имаме некои даватели на здравствени услуги, некои болници кои забрзано се снабдуваат со респиратори, а особено болници кои никогаш нема да ги користат. Ваквите здравствени установи ќе мора да се ослободат од нив, рече американскиот претседател.

Трамп овие забелешки ги изнесе само два дена откако нареди компанијата „Џенерал моторс“ да произведува респиратори за лицата на кои им се потреби ваквите апарати кои се инфицирани со Ковид-19, истовремено обвинувајќи го автомобилскиот гигант за „губење време“ во преговори.

Инаку, администрацијата на Трамп е под притисок да го зголеми производството на респиратори кои се клучни за зачувување на животите на пациентите со компликации од вирусот. Во меѓувреме, водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека милиони Американци ќе бидат заразени со новиот коронавирус и дека се очекува дека меѓу 100.000 и 200.000 луѓе да починат од вирусот ширум САД. 

Популарно