(ВИДЕО) Кристина Димитријовска: Пријатели сме со Даниел, не се мразиме

Најпрвин беше манекенка. Потоа стана фитнес инструкторка. Пред неколку месеци реши да се проба и како пејачка. Нејзиното име е Кристина Димитријовска, односно поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски.

За прв пат во јавноста, Кристина си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ ги раскажа причините за разводот со Даниел.

Додаде дека и понатаму се пријатели и дека не се мразат. Во контакт се најмногу поради нивното дете. А деновиве пак,  на големо се шушкаше дека нашла нова љубов и има дечко. Колку вистина има во сето ова погледнете во продолжение:

Пејачката Слаѓана Милошевиќ претепана од партнерот

И.С. (45) партнер на Слаѓана Милошевиќ синојќа во стан ја претепал пејачкат, поради што укажана и е лекарска помош, а тој е уапсен по налог на Третото основно обвинителство во Белград.

Како што е потврдено за Курир, пејачката пријавила дека после распаравии И.С. со која живеел, ја нападнал.

- Дошло до вербална расправија помеѓу нив, тој наводно додека била во купатило грубо ја турнал, таа паднала на шоља и на машина за алишта. Во раката го држела неговиот телефон, кој тој и го земал, повторно ја турнал, паднала преку када, но за среќа не паднал во неа – вели извор за Курир.

Пејачката, како што се дознава, изјавила во полиција дека се плаши од тоа што може да се случи понатаму.

- Лекарска помош укажана и е во Ургентениот центар и констатирани и се телесни повреди. Него му е одреден притвор, а следниот ден ќе биде приведен на сослушување – вели соговорникот за Курир.

ФОТО: Овие македонски актери важат за големи фраери

Актерите се луѓе кои најчесто се во свој филм. Имаат изградено свој стил, најчесто се лежерни, нон шалантни, едноставни, и сето тоа ги прави различни и големи фраери.

Македонската сцена има доста квалитетни актери. Актери на кои можеме да се гордееме и од нив да научиме многу работи.

За денеска ви ги претставуваме македонските актери кои важат за фраери

1. Никола Ристановски

Македонскиот Џорџ Клуни како што многумина го викаат. Но, за нас Никола е уникатен фраер. Човек со стил, умерен секогаш, но секогаш има што да каже. Важи за голема ѕвезда во целииот регион, односно во државите од бивша Југославија.

2. Сашко Коцев

Сашко Коцев е еден од нашите најталентирани глумци. Актер во многу претстави и филмови. Долгогодишен водител на Златна Бубамара на популарноста. Човек кој знае да ги насмее сите.

3. Јордан Симонов

Нашиот познат актер Јордан Симонов е уметник кој заслужува титула фраер. Човњк кој од секогаш бил пример, како на професионален план, така и на приватен.

4. Благој Веселинов

Блажо е актер кој остави одличен впечаток кај македонската јавност. Фраер во вистинска смисла на зборот. Урбан, секогаш умерен, човек кој што има одиграно голем број на претстави. Познат по улогата во филмот Исцелител.

5. Игор Џамбазов

Што да кажеме за овој човек. Еден и единствен. Познат по сите успони и падови кои ги имал. Вистински шоумен, кој е миленик на сите генерации. Фраериште

ФОТО: Ќерката на Здравко Чолиќ ги загрижи сите, еве каде е за време на пандемијата од коронавирусот

Најстарата ќерка на Здравко Чолиќ предизвикува големо внимание во јавноста ширум регионот, а нејзината последна објава на Инстаграм ги загрижи сите.

Имено Уна Чолиќ сподели фотографија од главниот град на Австрија, Виена, па многумина си помислија дека се изложила на ризик за време на пандемијата од коронавирусот и дека не ги почитува пропишаните мерки и совети.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🔙❤️

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

Сепак станува збор за враќање во минатото и споделување на убави спомени од Виена. Инаку таа времето овие денови го поминува дома почитувајќи ги препораките на властите во нејзината земја.

Популарно