Сончево и топло со умерена облачност

Денеска не очекува  сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали

Сончево време со умерена облачност

Денеска не очекува сончево  време со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови

Денеска не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен пправец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 3, а дневната од   3 до 13 степени. Во Скопје, , максимална температура до 11 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Денеска не очекува претежно облачно  време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура

Популарно