Билборд падна врз човек во Карпош

Билборд падна врз човек во скопски Карпош. Силниот ветар кој го зафати Скопје ноќеска направи вистински хаос. Човек се најде под урнатиот билборд. Се уште не се знае здравствената состојба на лицето кое беше извадено од под уранитините.

Во Скопје починаа двајца заболени од коронавирус

Министерото за здравство Венко Филипче рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба. Две лица починаа на Клиниката за инфективни болести, извести министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба.

Засега, рече Филипче има 16 новозаразени, а 257 има вкупно заболени во Македонија. Четириесет и девет лица се на лекување на Инфективната клиника.

– На сите други пациенти ширум државата состојбата е стабилна. Двајца од пацинтите имаа втор негативен тест. Уште 5 лица ќе бидат деновиве наскоро тестирани по втор пат. Значи за 5 до 7 дена може да имаме 7 лица пуштени дома – рече Филипче.

Утре ќе е разрешена директорката на охридската болница

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена.

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена. Починатата беше на 66-годишна возраст од околината на Струга.

Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок. Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Популарно