Откако син на пратеничката од СДСМ ја доби за фотографија за седење дома, Град Скопје рeши да ја укине паричната награда

Фотографијата на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолaција сами, со нивните семејства или со милениците.

Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии, соопшти град Скопје.

До тие ли 100 евра ви дојде ли, беа еден од коментарите на социјалните мрежи.

По само три дена од кампањата „Скопје дома“, поради низата лoши коментари, Град Скопје рeши да ја уkине паричната наградата од 100 евра која требаше да ја доделува секој ден за една најкреативна фотографија направена дома.

Градот ја организираше кампањата на социјалните медиуми за поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови. Поради појавените нeгативни коментари и немањето потреба оваа кампања да прeдизвикува koнтроверзии во јавноста, решивме од денеска да ја уkинеме паричната награда на конкурсот“, велат од град Скопје.

Оваа кампања, посочуваат оттаму, било планирано да трае 30 дена и секој ден да се доделува по една награда од 100 евра. Сега кампањата ќе продолжи, и понатаму ќе се избира најкреативна фотографија, но нема да се доделува награда.

Сметаме дека на Скопјани не им е потребен единствено финансиски поттик за да меѓусебно се охрабруваат како креативно да го поминат времето дома, потенцираа од град Скопје.

Полни раце работа за полициските службеници

При вчерашниот полициски час, кој беше подолг за пет часа од вообичаено, 263 лица не ја почитувале оваа мерка.

-Полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги  почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом, велат од МВР.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

Филипче: Пред нас е најтешкиот период, бројот на заболени и починати ќе расте

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција упати порака до граѓаните дека сите мораме да бидеме свесни дека бројот на заболени и починати од корона вирусот ќе расте и затоа мораме да бидеме одговорни и да ги почитуваме мерките.

 -Сакам да упатам порака до граѓаните. Панедмијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројката постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи. Влегуваме во вториот месец од бобрата, која целосно ни ги промени животите. Пред нас е најтешниот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече Филипче.

ВИДЕО: Непослушен граѓанин синоќа играше „жмурка“ со полицијата за време на полициски час

На инстаграм профилот на ,,Navalica” се појави видео кое спорен информациите е снимено во Чаир. На снимката се гледа како лице бега од полицијата бидејќи го има прекршено полицискиот час кој е со времетраење од 21:00-06:00. Вчера беше првиот ден од спроведување на истиот.

ПОГЛЕДНЕТЕ:

Популарно