ФОТО: Храбриот моторџија навистина го прекрши полицискиот час за Сузана

Дечкото кој вети дека нема да го спречи полициски час, за да ја покаже љубовта кон својата Сузана, си остана на својот збор.

Ништо не го спречи во своите намери.

"Голем поздрав до патролите пред зграда од 8 саат што ме чекаат (со маски за дишање) и сите душмани, најголем поздрав до фановите, без вас ова не би било ова, да не речете Таци не си стои на зборот еве излегов на автопат."

Секако, сликата е од ходник, на моторче, и иде гас. Секоја чест. Зборот е збор.

Да не ви се верува

Снимката од два мајмуни кои се караат околу празно шише од пиво насмеа многумина на социјалните мрежи.

Видеото кое го сними Тим Браун, водачот на сафари во Националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република, беше објавен неодамна на неговиот профил на Јутјуб, а малку потсетува на филмот „Боговите паднаа на теме“, во кое шише кока-кола предизвика многу зло.

И додека снимката многумина насмеа, сепак имаше и такви кои ги растажи.

„Како е ова смешно? Изненаден сум што постојат такви работи и како нив. Можеме само да се молиме дека шишето нема да се скрши и нема да се повредат“, е една од реакциите.

„Не грижете се, ги избркав подоцна и го собрав ѓубрето, чие и да беше“, одговори Браун.

ВИДЕО: Шпански војник го учеа да брои на Српски

На социјалните мрежи кружи урнебесна снимка од војска, каде ѕвезда е еден симпатичен Шпанец.

Имено Шпанецот го научиле да брои на Српски, а тој во тоа се покажал како супер ученик, но кога стигна до бројот осум, „ученикот“ го надмудри „учителот.

Погледнете:

Популарно