Полни раце работа за полициските службеници

При вчерашниот полициски час, кој беше подолг за пет часа од вообичаено, 263 лица не ја почитувале оваа мерка.

-Полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги  почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом, велат од МВР.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

(ВИДЕО) Жители на Чаир играат оро за време на полициски час

Денеска припадниците на испамската вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам, па по тој повод полицискиот час започна во 11 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро.

Според најновата статистика на новозаболени од Ковид-19, Чаир спаѓа во скопските населби со најмногу заболени.

Претходно, Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистирании 37 нови случаи на коронаворус во Македонија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Во скопската населба Кисела Вода, на улицата „Димо Хаџи Димов“ пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила.

На местото на настанот има возило на брзата медицинска помош бидејќи најверојатно има и повредени. 

Извор: Вечер.мк

ВИДЕО: Скопје доби 5 мурали инспирирани од епидемијата со коронавирусот

Град Скопје е збогатен со 5 мурали инспирирани од актуелната епидемија, објави министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук:

„На 5 локации во Скопје група уметници преку Центарот за современи уметности, спроведе уметнички акции со цел да се оддаде јавна благодарност до сите коишто се во првите линии на одбрана на граѓаните, да се истакне значењето на почитувањето на препораките од надлежните, социјалната еднаквост и правда во време на пандемија.

Граѓаните можат да ги видат муралите пред поликлиника Бит Пазар, на фасадата на Мобилната монтажна галерија во Парк на франкофонија, Железничка станица и рампата на кејот на Вардар“, напиша Филипче.

Популарно