Видео: Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.

– Имаме пари за економијата, а имаме и за нешто друго. Размислуваме да им дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра – вели претседателот на Србија.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

– Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец – најави синоќа Вучиќ.

– На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните компании, ќе платиме минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

Според него, имаме повеќе пари од другите:

– Не дозволив платата да се зголеми до максимум. Имаме три типа на финансирање во иднина. И ЕУ и ММФ рекоа да се заборави на дефицитот и јавниот долг, но ние и за тоа се грижиме.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.

„Ќе го зголемиме полицискиот час на 24 часа следната недела доколку овие мерки не функционираат за да ги заштитиме животите на граѓаните“, рече тој за ТВ Прва.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно