Спасовски: Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана  од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата.

Тој најави и дека надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

-За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, обезбедуваме брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие просечно ќе добиваат по седум илјади денари по домаќинство. Проценетиот опфат на преземените мерки изнесува околу 30 илјади нови домаќинства од неформалната економија и 30 илјади постоечки корисници, рече премиерот.

Во сетот мерки што ги донела владата е и мерката за одложување закуп за корисници на социјални станови .

-Се одложува плаќањето закупнина за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето и за закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука во однос на плаќањето на кириите на закуп кај сите закуподавачи, појасни премиерот Спасовски.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно