ВИДЕО: Момчиња брутално тепаат девојка во Штип

Вознемирувачко видео се појави на социјалните медиуми, на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.

Според личноста која го споделила видеото во група на фејсбук, станува збор за две момчиња од Штип, а воедно го открива и нивниот идентет. Според објавата, момчињата го споделиле видеото на социјалните медиуми.

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска за „Слободен печат“ вели дека Бирото за јавна безбедност постапува за видеото. Видео материјалот содржи очигледни елементи на насилство. Лицата се идентификувани. Постапува и центарот за социјални работи. Петровска најави најстроги санкции за сторителите.

Извор: Слободен печат

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно