За брзо време може да бидат во вашите домови

Истражувачи од Израел успеале да направат заштитна маска за лице низ која може да се јаде, односно не треба да се симнува за време на јадење.

Со помош на далечински управувач, маската се отвора и може да се јаде, што е дизајнирана при посета на рестораните.

Функционира така што со стискање на раката се отвора предниот дел, да може јадењето да помине низ маската до устата.

„Маската механички се отвора со помош на далечински управувач, а може да се отвори и автоматски кога ќе се приближи храната до устата“, рече Асаф Гителис, потпретседателот на компанијата „Автипус патент и изуми“ која ја направила маската со седиште во Тел Авив.

„Со користење на маската може да јадете и да пиете и да уживате. Целосно сте заштитени од коронавирусот“, напомена Гителис.

Од компанијата соопштија дека за неколку месеци ќе почнат со производство, и овој производ е патентиран. Цената е од 0,85 до 2,85 долари.

ВИДЕО: Гавран спасил еж од сигурна см*т

Гавранот спасител ѝ привлекол огромно внимание на јавноста, поради кратката снимка која благодарение на неговиот потег на социјалните мрежи станала вирална за прилично кратко време.

Имено, откако гавранот забележал колку споро се движи ежот, почнал да го турка и да трча по него, за заедно да ја преминат улицата и да ги избегнат автомобилите кои доаѓале.

Еден од нив застанал за да ја сними оваа необична сцена, која на крајот завршила успешно. Видеото се појави на Фејсбук страницата „Lajkajte našu stranicu“ и има повеќе од 22.000 прегледи.

(Видео) Кога погледнаа внатре, истражувачите открија…

Кога во Рим сред улица се отвори дупка, беше откриен уште еден скриен дел од италијанската престолнина.

Дупката, околу 2,5 метри длабока и 3 метри долга, се појави минатиот месец на популарно место меѓу туристите, а во меѓувреме е откриено дека под неа се крие античка калдрма.

За среќа, штета е избегната поради пандемијата на вирусот, поради кој немаше туристи. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега може да видат како изгледал нивниот град пред новата ера.

Истражувачите велат дека знаеле за античките камења со години, но не се осмелувале да почнат со копање за да не ги оштетат. Првпат се откриени во 90-те години на минатиот век.

(Фото) Ова било најст*ашно место на планетата: Тука живееле суш*ес*ва какви не може да замислите!

Големи роеви на грабливци владееле на земјата, во реките и на небото на денешно Мароко пред 100 милиони години, а тоа го покажа новата студија. Каде што сега е пустија, имало голем систем на реки кои минувале низ денешен Алжир, езера и мочуришта.

Чудно е тоа што во текот на децениското истражување на тоа место палеонтолозите пронашле многу малку фосили на диносауруси – тревопасни. Наместо таоа, тие идентификувале многу фосили на динсосаурси кои биле месојдни.

Големи роеви на грабливци владееле на земјата, во реките и на небото на денешно Мароко пред 100 милиони години, а тоа го покажа новата студија.

Популарно