Заев: Hаграда од 20% од основната плата за 2 месеци ќе добијат вработените во здравството кои се во првите редови со коронавирус

Вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со КОВИД19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци. Оваa одлука е донесена како во рамки на третиот пакет економски мерки на Владата предводена од #СДСМ.

Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус. Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид – Напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својата фејсбук страница.

Министерот Димитров напиша твит само на албански јазик

На министерот за надворешни работи  Никола Димитров очигледно добро му одат странските јазици. Па така најверојатно добро го владее и албанскиот јазик, каде на социјалната мрежа Твитер и почна да пишува токму на албански јазик.

Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се огласи по повод фотографијата што предизвика низа реакции на социјалните мрежи, на која таа во друштво на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари стои во неговиот кабинет преполн со албански знамиња и симболи на УЧК.

Во својот краток Фејсбук статус, Шекеринска не ја спори легитимноста на фотографијата. Наместо тоа, објаснува дека „дејствијата од 2001 се далеку зад нас“ и дека „иконографиите не се репер за добро управување, туку репер е служењето на граѓаните“:

„Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.

Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, пишува Шекеринска.

Епидемиолози и полицајци во акција да земат епидемиолошки анкети од 200-те присутни на погреб

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан според протоколот за вирусот ковид-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.

Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

Популарно