Фото: Ова се најубавите аква паркови во светот !!!

Ако некогаш патот ве однесе на Тенерифе,во Бразил, можеби дури и Кореа, мора да ги посетите нивните аква паркови кои се сметаат за најубави во светот. Ги издвоивме дванаесетте аква паркови за вистински авантуристи.

1. Сиам парк - Тенерифе

Овој парк е така уреден за да потсетува на Тајланд. На посетителите им се нудат часови за сурфање во базенот со бранови кои достигнуваат висина до дури 9 метри.

2. Адвентур- Дубаи

Овој аква парк е проширен 2013. Во него можете да нуркате во аквариуми со ајкули или да пливате во лагуни со некои други безопасни животни.

3. Акватика - Орландо

Посебен е бидејќи има 250 врсти различни растенија во градините. Целиот парк има околу 3.3 милиони галони вода која се одржува на 82 степени температура. Ако сакате да останете подолго можете да изнајмите колиба.

4.Ареа 47- Инсбрук

Овој австриски воден парк се наоѓа на Алпите. Има пет водени катапулти. Одвоени се деловите за деца и возрасни.

5.Бич парк - Бразил

Годишно го посетуваат повеќе од 700 000 луѓе. Се протега на 4,2 хектари и спаѓа во најголемите водени паркови во Латинска Америка.

6. Карибиан Беј - Кореа

Во него можете да ја доживете најголемото светско возење по вода. Неговиот надворешен базен со бранови се протега на 130 м.

7. Тропикал Ајлендс - Краусник

Овој аква парк е сместен во балон во Германија. Ги отсликува вистинските тропски острови во Краусник.

8. Вочер Кјуб - Пекинг

Изгледа футуристички како кинеските играчки, а всушност е аквапарк. Тој е најголема туристичка атракција по кинескиот ѕид.

9.Вотер Ворлд - Ајанапа

Инспириран е од планината Олимп. Содржи многу лизгалки, базени , нуркање со риби, а има и картинг.

10. Вотен вајлд - Орландо

Овој аква парк има највеќе на свет различни возења на вода за повеќе лица истовремено. Базенот со бранови се протега на 1579 метри, а можете да се возите и на даска.

11. Ворлд вотерпарк - Алберта

Овој Канадски аква парк има најголем на светот внатрешен базен. Можете да се спуштате низ 17 лизгалки.

12. Јас Вотерворлд  - Абу Даби

Ова е првиот аква парк во светот кој има хидро-магнетни лизгалки. Добил награда дека е "еко френдли" односно дека ја штити околината.

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Популарно