"Пуле" - магарешко сирење, 1кг.-1000евра

Слободан Симиќ, иноваторот на овој производ на овие простори, веќе 10 години работи на проектот Пуле. Сирењњето Пуле, што значи магарешко ждребе,  е комбинација од 60% магарешко и 40% козјо млеко.

Се произведува само на едно место – во специјалниот резреват ,,Засавица,, чии директор е Слободан Симиќ, Тој 10 години низ просторите на екс Југославија купувал магариња и сите му се смееле – но денес се каат.

Слободан во шталите денес има 120 магариња. А првите магариња ги купил во Македонија и Рашката област за цена од 150 евра, изјави Слободан за српски Телеграф. Од магарињата од Македонија го добил млекото за стартот на производството на ,,Пуле,, сирење за кое тврди дека ќе стане светски бренд и најдоброто од Србија.

Ова сирење е скапо бидејќи за да се направи само еден килограм потребни се 25 литри млеко, за што на магарицата и треба 6 месеци да ги даде. Килограм од ,,Пуле,, чини илјада евра.

Годишно се произведат ограничени количини – од 100 до 150 килограми. Пакувањато е 50 грама и е само за извоз. Успеал да направи навистина екслузивен производ.

Сирењето е сушено на чад во специјална просторија. До сега најскапо сирење во светот беше од млекото на лос и чинеше 500 евра, но магарешкиот е многу подобар, тврди Слободан.

,, За хранливоста на магарешкото млеко и да не зборувам, тоа е факт. Слично е на мајчиното, содржи алергени, 60 насто повеќе витамин Ц отколку кравјото млеко,, вели Слободан.

,, Во Италија видов колку ги ценат овие животни, а кај нас од помодарство ги отфрламе. Таму од нив прават креми за лице, сапун за раце, белгијанците прават ликер од магарешкото млеко. Набрзо ќе има и димено сирење од магаре кое ќе носи епитет ,,најдоброто од Србија ,, вели Слободан.

За сите фанови: Се враќа К-15

ОФИЦИЈАЛНО: K-15 се враќа!, објавија на нивната официјална фб страница.

Во постот објавен на ФБ не се откриваат повеќе детали.

„Следете нè за повеќе инфо наскоро“, стои во објавата на екипата на К-15.

Антониа Гиговска: Ослабев 33 кила со јадење 5 оброци дневно!

Во новата епизода од поткастот '' Равенка за успех " кај Маја Поцевска на гости се пејачката Антониа Гиговска и стилистот Даниел Николовски. Двајцата млади и амбициозни уметници во опуштена атмосфера раскажаа за нивното големо пријателство како и за соработките на професионален план.ќ

Антониа искрено сподели емотивни моменти од нејзиниот живот и раскажа како се справила со јавниот "линч" што го доживеа. Зборуваше за машко женските односи, искуствата со изневерувањата во врските, и за тоа како ги комбинира приватниот и професионалниот живот.

Даниел, смешен и интересен како и секогаш откри многу детали од приватниот живот и го сподели искуството од работата со балканските ѕвезди.

Двајцата говореа за својата соработка, а Даниел сподели како Антониа му праќала слики за тој треба да ги поправи на фотошоп, истите биле невозможно да се корегираат, а пејачката на крај сепак си ги објавила без никакви преправки.

Во поткастот равенка за успех Маја ги праша гостите и за тајната на нивната форма, на што пејачката одговори дека ослабела 33 килограми за само 55 дена и за чудо, тоа го направила со јадење 5 оброци во денот. 

Се говореше и за почетоците на нивните кариери, за домашните обврски, а и двајцата гости открија дека не баш најдобро се справуваат во кујната. 

Антониа раскажа за љубовта на нејзиниот живот, синчето Киан и дека доколку тој не бил дел од нејзиниот живот сигурно ќе се „изгубела“, а говореше и за минатите врски и искуства и за тоа зошто една жена се одлучува да изневери. 

Целиот разговор и работите кои Антониа и Даниел за прв пат ги споделија на јавноста, може да ги погледнете на следниот линк:


Гледајте "Равенка за успех" со Маја Поцевска секој понеделник во 20:00 часот.

Антониа Гиговска: „На мажите тоа им е како ‘добро утро’“

Антониа Гиговска гостуваше во подкастот „Равенка за успех“ со Маја Поцевска, кој премиерно ќе се прикажува вечерва во 20 часот на Youtube каналот на ЗаСе.

Таа на својот Инстаграм објави краток видео-тизер од гостувањето, со порака дека тоа е едно од најискрените интервјуа што ги дала во животот.

Темата на која зборува Антониа е машко-женското изневерување, љубов и почит.

Па, во интервјуто, таа вели:

„Да сум маж, мене ќе ми е, искрено, голем минус да ме изневери жена. Жена изневерува само кога е незадоволна, кога е несреќна и кога мажот не го прави она што треба да го прави вистински.

Право машко треба да знае како се сака жена, а тоа не е само да ти каже „Те сакам“. Што имам јас од твоето „Те сакам“ ако ти не ми докажуваш со дела како ме сакаш. 

Мораш да ме сакаш, да ме почитуваш, мораш да ме заштитиш, мора да знаеш да се носиш со сè, едноставно, да ме почитуваш. Тоа, мислам дека е главното.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

А сум била многу сакана. Ама сум била и многу повредена. Тенка е линијата, ме сакаш, а ме повредуваш“.

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ

Популарно