Фото: Потврдено - азискиот стршлен пристигна во Македонија

Азиски стршлен се појави во Македонија. Првичните лабораториски анализи покажаа дека стршленот што вчера беше пронајден на Водно е всушност смртоносниот азиски стршлен. Примерокот ќе биде однесен во странска лабораторија каде ќе биде бидат направени генетски анализи за утврдување на точниот тип.

aa4

Скопјанката Снежана вчера го забележала стршенот полумртов пред прагот на куќата на Водно. Го усмртила веднаш и го затворила со чаша. Сомнежот се јавил откако прегледувала по сликите на интернет и википедија. Го споредувала, но незнаела каде да се обрати за да го предаде на анализа. Екипата на Сител била во домот на Снежана која им рекла дека доколку се покаже дека станува збор за смртоносниот стршен, тогаш тој не е единствениот во нивната околина. Сомнежот станал уште поголем поради тоа што кровот на куќата во која живее семејството на Снежана бил дрвен и има простор каде да направат осило. Запуштениот двор со грмушки во куќата спроти нив е уште една причина за нивната паника. Екипата на Сител го однела инсектот во лабораторијата на ветеринарниот факултет на испитување.

strslen

Денеска уште еден невообичаен инсект се појави во Скопје. Ристо од Козле го уловил жив и бил фрапиран од тоа како изгледа. Вели се занимава со пчели ги чува од стршлени и разни други опасни инсекти ,но ова е првпат да види вакво нешто. Голем колку палецот, со портокалова глава. Ристо го уловил во домашната работилница која е сместена во дворот од куќата. Внимателно го усмртил за да го сочува примерокот во целост. Ристо го предал инсектот на екипа од ТВ Сител која веднаш го доставила во лабораторијата на ветеринарниот факултет за испитување.

strsleni-kina

Овој инсект потекнува од Азија, има портокалова глава и може да порасне до 8 центиметри. Лета со брзина од 60 километра на час. Азискиот стршен ги напаѓа пчелите, убива и до 40 во една минута. Тој е опасен и за човекот, има голем црн заб за боцкање, со кој е во состојба да предизвика застрашувачки убоди кои личат на рани од куршум. Од неколку убоди може да престане работата на бубрезите, да го отежни дишењето и да предизвика смрт. Поради големите климатски промени, забележан е во повеќе балкански земји.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно