Скопје почнува да наликува на Готам Сити. Само неколку часа по вчерашното убиство на матурантот во Ѓорче, на само неколку километри кон центарот на градот, поточно во Карпош 3, уште еден инцидент како од ганстерски филм. Наш читател ни ги испрати фотографиите и ни го напиша следново:
-Младото момче чекаше на семафор, кога до него се паркираше автомобил од кој излезе возачот, го удри момчето со нешто во главата, си влезе во автомобилот и си замина. Момчето падна како покосено, а неговото лице беше целото во крв од ударот. Некои од минувачите го прашаа дали го знае човекот кој го удри, но тој рече дека не го познава. Веднаш дојде брза помош, а беше повикана и полиција. Се надевам дека случајот ќе биде брзо разрешен, затоа што човекот кој повика полиција ја имаше запишано регистерската таблица на возачот - насилник.
Испратил: Ивица