ФОТО: Фекалии течат по улицата во Горно Нерези

- Како жители на Горно Нерези - Скопје, веќе подолго време се сретнуваме со комунални проблеми. Имено, немаме каде да го фрламе ѓубрето, немаме градски водовод, електричната енергија е со слаб напон и ни прегоруваат електричните апарати, немаме градски превоз, ..... Последното нешто е затнувањето на одводната канализација и излевањето на фекалии по патот која најверојатно е од лошата изведба при последната реконструкција на патот и пообилното користење на канализацијата по отварањето на Македонското село. Неколку пати се обраќаме до надлежните институции во општината Карпош, Градот Скопје, Полицијата /заради зачестените кражби/ , но никогаш до сега не сме добиле ниту одговор, ниту некаква повратна информација. Ве молиме за помош.

IMG_2247

IMG_2248

IMG_2249

Испратено од Цветко

Коментари

Популарно