Изгоре автобус: За влакно избегната смрт – Деца плачеа и се гушеа од пламените јазици

Автобус на “Расто Турс” целосно изгоре во понеделникпт попладне превезувајќи повеќе од 50 патници од грчкото одморалиште Парга за Белград.

parga-grcka-rasto-turs-putnici-deca-udes-saobracajna-nesreca-foto-kurir-1442358735-741611-620x400

а среќа, ниту еден од патниците, не е повреден, но многу од нив го загубија својот багаж, кој е проголтан од пламените јазици. Според очевидците, пожарот избувнал половина час откако автобусот тргнал од Парга и само за неколку минути оганот проголтал се.

parga-grcka-rasto-turs-putnici-deca-udes-saobracajna-nesreca-foto-kurir-1442358735-741615

parga-grcka-rasto-turs-putnici-deca-udes-saobracajna-nesreca-foto-kurir-1442358735-741613

Инаку, автобусот бил најмен од туристичката агенција “Аква патување”, а вториот дел од патниците, исто така се возеле со друг автобус на оваа агенција.

– Кратко по нашето тргнување, забележавме дека во автобусот  на”Растот Турс” има чад. Нашите возачи веднаш излегоа надвор и се обидоа да го изгаснат огнот со апарат за гаснење пожар. Но, огнот растеше и се ширеше со неверојатна брзина. Патниците  успеаја да излезат на време, но мислам дека околу 80 проценти од багажот изгоре – вели дописникот на Курир Игор Кем, кој бил меѓу патниците, но во вториот автобус.

Патникот Марија Савичевиќ рече дека тие се плашеле да не предизвика експлозија.

– Туристичка агенција не уверуваше дека автобусот е на нафта и дека таа може да се запали. Но, тие тврдат дека пожарот почнал бидејќи маслиново масло се истурило врз моторот на автобусот. Пламенот ги преплаши децата кои плачеа, врескаа и се гушеа од чадот, додека нивните родители ги извлекуваа од возилото – се сеќава Марија.

Пожарот бил изгаснат по интервенција на три противпожарни возила. Агенцијата “Аква патување” вчера тврдеше дека немаат сознание за тоа како изгорел автобус и дека не може да се добие изјава од директорот, бидејќи тој бил на пат. Од „Расто турс” велат дека сите автобуси поминеле на технички преглед.

– Не ја знам причината за пожарот, го чекаме полицискиот извештај – вели Лилјана Стојановиќ од “Расто турс”.

Ова не е прв инцидент со автобус “Растот Турс”. Курир пишуваше во мај, возачот на компанијата В.М. (53) од Крагуевац, речиси 63 деца од петто одделение од ОУ “Доситеј Обрадовиќ”, од Вождовац, сакаше да ги вози до Дивчибаре, иако тој бил под дејство на алкохол што е опасно по живот.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно