„Најубави песни“, прв компилациски албум на Каролина Гочева

„Најубави песни“ е насловен на новиот албум на македонската поп дива Каролина Гочева, кој содржи 12 нејзини најубави песни со бонус од четири песни. Станува збор за прво компилациско ЦД на Каролина.

На прес-конференција по повод промоцијата на албумот, Каролина Гочева, изразувајќи задоволство од неговиот изглед истакна дека на албумот се наоѓаат оние песни за кои таа и „Авалон“ сметале дека се најубави.

- Направивме избор од 16 песни. Останаа и многу други песни кои сметаме дека можеби требаше да се најдат на албумот, но оставаме простор и за втор дел најубави песни понатаму за неколку години, рече Гочева.

На прес-конференцијата беше презентиран новиот спот за песната „Тој“, а беше најавен и концертот, кој Каролина Гочева ќе го одржи на 22 декември во Универзалната сала во Скопје.

Главно сум преокупирана, посочи Гочева, со подготовките за концертот.

- Искрено не се сеќавам некогаш толку со нетрпение да сум очекувала мој концерт, рече Гочева и додаде дека за концертот за некои песни има нови аранжмани.

Бобан Милошевски од „Авалон“ истакна дека како продукција се многу задоволни од визуелниот изглед на албумот.

- Се одлучивме тој концерт да биде акустичен првпат во кариерата на Каролина. Подготовките за концертот се во тек, посочи Милошевски.

Албумот „Најубави песни“ се продава по цена од 499 денари.

Хороскопски знаци кои најмногу ги зафаќа божиќното "лудило"

Иако поголемиот дел од луѓето уживаат во божиќните празници и во се' што носи празничното расположение, постојат и такви кои живеат за декември.

Тие не чекаат со украсувањето на елката, божиќните филмови се единствени на нивниот моментален репертоар, а не ги забораваат ниту празничните напитоци како грееното вино и топлото чоколадо. Личностите родени во овие хороскопски знаци се вистински "божиќни манијаци". 

Бик

Биковите работат со полна пареа во текот на целиот месец. Тие потполно уживаат во божиќната атмосфера, па затоа во нивниот дом честопати можете да ги затекнете како печат колачиња со божиќна музика во позадина.

Рак

Фамилијарно настроените Ракови се огромни љубители на празниците. Тие купуваат подароци кога никој и не размислува на нив, а се помеѓу првите кои ги вклучуваат празничните светилки. Ова е нивниот омилен период во годината и целта им е да направат да трае што е можно подолго.

Риби

Романтичните Риби најмногу уживаат во ова доба од годината. Нивниот дом веќе одамна е украсен, а тие ќе ве натераат да ги слушате популарните божиќни песни со нив, кои според нивното мислење треба да се слушаат во текот на целата година. Многу се посветени кон купувањето подароци за кои добро промислуваат пред да се одлучат.

Лав

Лицата родени во знакот на Лав уживаат во божиќното расположение, најмногу поради динамичноста кое тоа го носи со себе, како и постојаното дружење и активности. Лавовите обожуваат да разменуваат подароци со саканите личности, а што се однесува до готвењето и декорирањето во домот, тоа им го препуштаат на покреативните раце.

ВИДЕО: Саша Поповиќ на Шерифовиќ и подари коза за роденден – еве ја нејзината реакција

Секоја сабота на Канал 5 телевизија се емитува емисијата „Ѕвездите на Гранд“, а во последната имаше неочекувано изненадување.

Имено, во претходната емисија на Марија Шерифовиќ и беше роденден и таа побара подарок од Саша Поповиќ, а директорот на „Гранд“ одлучи да и ја исполни желбата.

Саша одлучи на Марија да и подари коза која се вика Бијонсе. Марија кога ја виде го праша што планира да прави со животното, a Саша и објасни на пејачката дека може да ја чува козата пред зграда за да им помага на соседите.

Марија констатираше дека овој подарок треба да биде на Јелена бидејќи таа секојдневно се бори за правата на животните.

Карлеуша дури му се закани на Поповиќ доколку нешто и се случи на козата ќе одговара тој лично.

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана и Раста

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста.

Имено, се пишуваше дека Раста бил со Елена пред бракот со Ана Николиќ, но и дека нивната врска продолжила по бракот.

На сите овие пишување Китиќ го даде својот коментар на „Инстаграм“.

„Мојот однос со Раста беше професионален од првиот ден, па се до моментот кога ја прекинавме соработката. Единствена причина поради која ја прекинавме соработката е тоа што имавме различни размислувања во која насока треба да оди мојата кариера“, напиша ќерката на пејачот.

Инаку, Раста не сакал да ги наплати песните кои ги направил за Китиќ.

„Раста е наш пријател и не сакаше да наплати тоа што работи со Елена, но ние ќе му се одолжиме. Тој е супер момче и што се однесува до парите, ние не разговаме за тоа“ во една прилика изјави Миле Китиќ.

Популарно