Нова сезона „Опуштено“ со Тони и Део на МТВ

Како и минатиот, така и овој пат, домаќин ќе биде популарниот актер, кој токму со оваа емисија рушеше рекорди на гледаност

td

На голема радост на македонските гледачи, на тв-екраните повторно се враќа една од најгледаните ток-шоу емисии, „Опуштено“ со Тони и Део.

На Македонската радио и телевизија многу наскоро ќе почне да се емитува тв-проектот што до пред некоја година беше една од најгледаните забавни емисии што се појавиле на македонскиот тв-етер. Како и минатиот, така и овој пат, домаќин ќе биде популарниот актер, кој токму со оваа емисија рушеше рекорди на гледаност, а по сè изгледа друштво ќе му прави Део.

DDD-549x800

Како што успеавме да дознаеме од блиски избори на актерот, преговорите со телевизијата веќе се при крај, а уште останува да се потврди денот и тајмингот на емитување.

Телеграф.мк

Видео-Фото:На која фолк пеачка „падна“ Шенки Вресаче?

Бизнисемнот Шенки Версаче , кој е познат во јавноста по својата љубов кон модниот бренд „Версаче“, викендов беше домаќин на српската пејачка Рада Манојловиќ во неговиот клуб во Скопје. „Рада овој викенд имаше настап во еден скопски клуб. Таму главен гостин беше токму Шенки, цела вечер се забавуваше, ѝ даде и голем бакшиш, па истата вечер ја повика Рада да биде гостинка и во неговиот клуб. Таа ја прифати поканата, а Шенки не го криеше воодушевувањето од пејачката“...

Видео: Како „патосира“ Македонскиот гладијатор?

 На 15 јуни Даниел Стефановски ќе се бори за светската титула на ВКУ во К-1 во Цирих – Швајцарија.

Стефановски истакнува дека противникот се уште не е познат, но дека борбата е закажана на настанот Гладијаторс најт.

Стефановски минатата година ја освои шампионската титула во К-1 суперкомбат и тоа не било како.

Тој до победата тогаш дојде на супер убедлив начин, совладувајќи го својот противник Аделин Михала од Романија со нокаут после само 101 секунда од борбата.

Зошто некои луѓе во вашиот живот никогаш не ги заборавате?

Да скоро  секогаш ќе постои една личност која ќе остане во вашето срце до вашиот последен здив.

Тоа е личноста која секогаш ќе има делче од твоето срце. Тоа е една личност која ве промени и која влијаеше на вашиот живот, на начин на којшто никогаш не сте ни размислувале. Без оглед на тоа колку долго останала таа личност покрај вас, таа секогаш ќе биде во вашите мисли. Никогаш нема да можете да се ослободите од нивната сенка, ниту од најубавите соништа ниту пак најлошите кошмари.

Но, зарем тоа не е преубаво нешто?

Знаете дека таа личност ве сакала. Дека бевте драгоцени и обожавани во нивните очи и дека тие ве правеа среќни. Дека ве изменија, ве изградија. И, иако таа личност не е се уште покрај вас, таа љубов трае и ќе остане засекогаш во вас. Таа љубов силно живее во вас.

Таа личност ви покажа дека сте убави и способни, и дека заслужувате да бидете среќни. Нивната љубов ве научи дека можете да бидете слободни, да сакате и да бидете сакани.

Не гледајте на тоа што тие не се во вашиот живот како на трагедија. Не велете дека нивното заминување е катастрофа.  Гледајте го тоа како голема лекција и отворен пат кон нов вид на магија во вашиот живот. Имајте љубов на кратко. Имавте огромна љубов, каква што само мал дел од луѓето имаат привилегија да ја доживеат. Затоа, не очајувајте.

Не се осмелувајте да кажете дека никогаш веќе нема да сакате.

Ќе сакате повторно.

Не мора да ја заборавите оваа личност. Тоа нема да ја направи љубовта помала. Но, ќе научите да продолжите.

Новата љубов не значи дека ќе биде исто толку силна, но дајте и шанса. Дајте си себеси шанса да сакате повторно.

Популарно