Скопските земјотреси инспириаа песна

На социјаните мрежи како инспирација од секојдневните стресови и непреспани ноќи, денес се појавија стихови кои несомнено го опишаа страдањето и стравот на Скопјани.

zemjotres_10

Силвана К. како автор на оваа песна успеа за кратко време да го придобие вниманието со своите напишани зборови за земјотресите во вид на песна која не треба да биде пеена туку читана како поезија за да се разбере содржината која за многумина е потресителна.

Сé на сé, искрена порака и одлично промислена и длабока песна од која можат да се извлечат пар важни заклучоци:

И ЗЕМЈАТА РЕШИ ДА ЗБОРИ

Татнеж силен в миг се стори!

Чудно чудо и земјата реши да збори!

Еј ситни души, клети и изгубени,

од нечестивиот, од мракот сте заробени!

Каде се добрината и праведноста?

Во вас одамна царува алчноста!

Еј лоши луѓе, саможивни и злобни!

Не срдете го Бога, ќе следат денови кобни!

Да! Јас сум таа, Земјата што ве храни!

Овојпат, ќе дрмам, ќе тресам на сите страни!

Еј луѓе мои, кај отиде човечноста?

Молете се брзо, спасете ја вечноста!

Моево тло издржало непогоди разни,

од поплави, пожари па и војни безобразни!

Простете, но ја поместивте секоја граница!

Запрашајте се која ќе ви биде следна станица?!

Но сеуште еве јас надеж ви давам,

извесно време на пробен тест ве ставам!

Покајте се бре луѓе, за секоја грешка,

од срцата да ви падне онаа грутка тешка!

Подајте си рака меѓусебно,

од тоа нема ништо повредно!

Не судете по нација и вера!

За да сториш добрина, тоа нема мера!

Господ е голем, вие сте негови чеда!

Покајте се искрено за својта духовна беда!

Ширете насекаде љубов и доблести!

Да нема веќе потреси и земјотреси!

Ете, јас Земјата, тоа имам да ви кажам!

Поправете се, покајте се и нема да ве лажам!

Ако љубовта во вашите души пак зацарува,

потреси нема веќе да има,

мојто тло ќе мирува!

ВИДЕО: Вистинското изненадување дошло откако полицијата стигнала до возачот

За време на полициска потера, стар Бјуик се движел со брзина поголема од 175 км на час, но вистинското изненадување дошло откако полицијата стигнала до возачот.

Самиот факт дека тој избегал од местото на настанот била уште полоша за 51-годишниот возач. Откако добиле пријава дека бел Бјуик од 1996 година, удрил во два автомобила во Сиетл, полицијата го забележала автомобилот на 60 милји од местото на настанот. Тие се обиделе да го сопрат, но возачот избегал. После филмската потера, автомобилот конечно запрел, но дури откако возачот изгубил контрола врз возилото и слетал во ров. За среќа во несреќа, немало пешаци и велосипедисти, па дури ниту повредени, најмногу поради забраната за движење поради пандемијата на коронавирус.

Вистинското изненадување за полицијата дошло кога виделе дека возачот бил куче. Така тврдел 51-годишниот маж, изјави полицискиот службеник Хедер Акстман. "Во полицијата сум  веќе 12 години и никогаш не сум го слушнала ова објаснување. Запирав многу брзи возачи во потерите , но ниеден возачот не рекол дека го учел кучето да вози", изјави Акстман за Си-Ен-Ен.

Возачот на Бјуикот е уапсен и обвинет за неколку точки од обвинението, вклучувајќи несовесно возење, возење под дејство на опијат и бегање од местото на несреќата, а неговото куче е конфискувано. Кауцијата е 8500 долари.

Видео: Овој професор има „уникатно“ решение за непослушни студенти

Модерната технологијата за жал им создава проблеми и на просветните работници, често нивната работа е попречувана од телефонски повици на студентите за време на предавањата. Меѓутоа овој професор има уникатно решение за „непослушните“ студенти, за што станува збор погледнете го видеото.

Видео: Кога сопственикот не те „забележува“

За жал домашните миленичиња често се запоставени од сопствениците, на ова видео ќе видите како едно маче се обидува да го „натера“ сопственикот да си игра со него. Дали ќе успее во тоа , погледнете го видеото во продолжение.

Популарно