Советите на Памела Андерсон за среќна вагина!!!

Се разбира дека на вагината и' е потребно посебно внимание. И да, тие секако уживаат во тоа внимание. Како што стареете така и вашата вагина се менува.

Само во САД секој ден во менопауза влегуваат околу 6.000 жени. Со овој животен циклус доаѓаат и некои нус појави, како што се ослабено либидо, сувост и болка.

Доколку сакате да ја израдувате вашата вагина, ви предлагаме да ги послушате советите на Памела Андерсон:

Pamela-Anderson

1. Кондоми - Покрај тоа што се средство број 1 кога станува збор за заштита од сексуално прерносливи болести и несакана бременост, кондомите исто така ја одржуваат здрава pH вредноста на вагината.

2. Маска за вагина - Во плакарчето во тоалет имајте си мала тегличка органско кокосово масло. По секое туширање намачкајте ја со тенок слој масло на надворешните усни. Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден.

3. Вибратор - Доколку немате партнер не значи дека морате да се откажете од секаква сексуална активност. Набавете си вибратор или слична играчка и дозволете си го себеси заслуженото задоволство.

4. Лубриканти - При секој сексуален однос употребувајте лубриканти. Немојте да дозволите вашиот партнер наместо лубрикант да се обиде да употреби плунка или нешто слично. Сексот не мора да биде болно искуствои секогаш можете да се послужите со лубрикант доколку вагината ви е сува.

5. Не употребувајте средства за интимна нега - Избегнувајте ги средствата за интимна негам но и миризливите сапуни. Исто така немоја да ја миете вагината од внатре туку само од надвор. Влажните марамчиња за интимна хигиена исто така заборавете ги.

6. Мастурбација - Мастурбацијата е здрава и нема потреба да се срамите од овој чин. Кога и да почувствувате потреба да се задоволувате, немојте да се воздржувате - направете го тоа! Со или без партнер.

7. Една топла прегратка - Љубов, љубов и само љубов. И на вагината и е потребна љубов. Потрудете сеод време на време да ја погалите. Едноставно спуштете ја раката на неа и неколку секунди и приредете си лесен петинг.

pamela-anderson-soveti-za-ljubov-na-vagina-2

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно