Ова се најверните хороскопски знаци

На некои луѓе може секогаш да се потпрете и да им верувате без никаков сомнеж. Посветеноста е квалитет кој сите го посакуваме во нашите односи. Без разлика дали се работи за нашите пријатели, за браќа и сестри или за партнери, нивната посветеност е нешто што ни помага да им веруваме и да чувствуваме сигурност покрај тие личности. Тоа е квалитет кој тешко се наоѓа, но астролозите велат дека кај луѓето родени во овие четири знаци, посветеноста е најизразена.

РАК

Ако во својот живот имате блиска личност родена во овој хороскопски знак, може да бидете сто проценти сигурни дека на никој начин нема да ве изневери. Тоа е најверниот знак од сите во зодијакот.

ШКОРПИЈА

Иако Шкорпиите не се секогаш најдобар партнер во врските, кога се работи за посветеноста, на нив секогаш може да се потпрете. Без разлика дали ве сакаат или ве мразат, Шкорпиите секогаш ќе бидат посветени на тој став.

БИК

Биковите се познати по својата тврдоглавост, но познати се и како посветени партнери и пријатели. Тие секогаш се многу прецизни околу тоа кого го сакаат и со кого го поминуваат времето. 

ДЕВИЦА

Девиците сакаат се да одржуваат средено и реално. Не сакаат да играат игри зад грб и воопшто, луѓето родени во овој знак се стабилни и посветени во секој однос, без разлика дали станува збор за љубовна, за пријателска или само за деловна врска.

(Фото) Германец го реновирал домот по големите поплави – во ѕидовите пронашол тајна стара 70 години

Во неодамнешните поплави кои ја погодија Германија загинаа 170 лица, а причинети се големи материјални штети. Кога водата се повлече многу граѓани чии домови беа уништени започнаа да ги реновираат. Еден од нив беше и германскиот наставник кој по откритието во домот никогаш нема да ги заборави овие поплави.

Имено во текот на санирање на штетите од поплавите во својот дом во Хаген тој открил тајна стара повеќе од 70 години. Од под ѕидовите наставникот Себастијан (39) пронашол нацистички предмет кој датира од периодот на Втората светска војна.

-Прво здогледав стари весници од 1940-та година. Кога ги извадив на подот падна и еден нацистички документ, а потоа и гас маска, револвер, златен орел, позлатени копчиња како и кукаст крст и голем портрет на Адолф Хитлер.

Тој веднаш го известил архивот во Хаген, а тие од неговиот дом изнесоа дури 12 кутии со предмети од Втората светска војна. Инаку неговата куќа во тој период била канцеларија на Националистичката народна заштита (НСВ) од таа зграда во 1940-та е организирана дистрибуција на гас маски, опрема и храна.

Себастијан и неговото семејство не ни претпоставувале во каков дом живеат, бидејќи истиот го купиле неговите родители во седумдесеттите години од минатиот век.

Овој хороскопски знак секогаш е вљубен

Лавовите се хороскопски знак кои едноставно сака да биде вљубен.

Секако, зборуваме за самоуверен и городелив огнен знак. Тие ја користат секоја можна прилика да бидат во центар на внимание и секогаш се жедни за комплименти.

Лавовите готват нејнеобични јадења, даваат најдобри подароци и патуваат на нај возвудливи места како би се здобиле со внимание одушевеност од другите.

Но што е подобро од љубовта? Впрочем за цело тоа време го обожуваат и опсипуваат со комплименти својот партнер. Некои би рекле дека лавовите го сакаат тоа чуство само поради своето его.

Но, не грижетесе, кај лавовите не се работи за суета и признание. Овој хороскопски знак, со кој владее сонцето, многу е страствен, срдечен и дарежлив.

Бидете уверени дека Лавовите се ќе дадат за вас – се додека доволно го почитувате.

Популарно