Видео+Фото: Гради куќа за бездомници и одгледува храна за нив, а има само 9 години

Иако Хејли Форт има само девет години, за бездомниците и за луѓето во нужда таа сторила повеќе од многумина од нас. Малото девојче своето слободно време го минува градејќи засолништа за бездомниците, па дури и одгледува храна за нив и ги снабдува со средства за хигиена.

07

Кога Форт имала пет години, таа ја замолила својата мајка Миранда да му помогнат на бездомник кого видела во Бремертон, Вашингтон, кадешто таа живее. Нејзината мајка се согласила, и сега двете заедно работат да им помогнат на луѓето коишто имаат потреба од тоа. Едвард, човекот на кој му помогнала, ѝ станал пријател. Таа ги прави засолништата за „да не те врне, да се чувствуваш безбедно и да бидеш на суво. Едноставно не е праведно да има бездомни луѓе“, изјавила Хејли за Кинг 5 Њуз. „Мислам дека би требало секој да има место каде да живее.“

01

Оваа година целта на Форт е да одгледа 113 килограми храна, да изгради 12 засолништа и да раздели илјадници хигиенски средства. Навистина поучна и инспиративна приказна за едно добро воспитано дете коешто и покрај тоа што живее во едно постмодернистичко општество со потрошувачка култура на себичност, од своето време и средства одвојува за толку несебична, човекољубива цел.

02

03

04

05

06

08

09

ВИДЕО: Дедото ги надживеал и докторите и го открил рецептот со кој го решил ракот

Докторите во Грција во 1976 година на овој човек  му дијагностицирале неизлечлив рак на белите дробови па тој се помирил со тоа дека ќе умре. Девет различни лекари му го кажале истото, дека му останале уште шест месеци живот  и дека морал да почне со агресивен третман – хемотерапија. Но тој не сакал да се лекува со тие опасни третмани, хемотерапијата ја одбил и се вратил во родното место т.е едно село во Грција.

После тоа се случило нешто неверојатно, на самиот почеток  бил во депресија па по цели денови лежел во кревет, а неговата сопруга и мајка се грижеле за него. Еден ден, му се вратила желбата за живот, до душа за кратко зошто мислел дека му останало уште малку време. Започнал со активен живот. Секоја недела од сабајле се качувал на брдо каде се наоѓа грча православна црква во која неговиот дедо бил свештеник. почнале да му проаѓаат мештаните кога дознале дека се вратил во неговиот роден крај и секој ден со нив зборувал со часови со две шишиња домашно вино „ Барем ќе умрам среќен“, си помислувал.

Следниот месец од некоја причина, почнал да ја чувствува снагата. Еден ден, одлучил да насади своја градина. Не очекувал, дека толку ќе почне да работи, почнал да се буди рано и по цели денови минувал надвор на воздух. Самиот си правел ручек со зеленчукот од својата градина. Кога ќе паднела ноќта одел во локалната кафеана да игра домино до доцна во ноќта.  Годините минувале, тој бил се поздрав и поздрав и така се чуствувал. Ја надоградил својата куќа со неколку соби, а годишно произведувал и до 1.5000 литри домашно вино.

По 30 години таков живот доживеал 97 години кога сфатил дека не умрел и одлучил да ги посети лекарите со своите резултати за да провери што се случило. Кога се вратил кај докторите кои му кажале дека му останале уште шест месеци живот, се зачудил бидејќи сите до еден бил мртви. Сите ги надживеал. И тоа што никогаш не отишол на хемотерапија која требало да му го продолжи животот. Само се преселил на село, овој човек починал на неверојатни 102 години. Умрел од старост, а ракот кој го споменале повеќе не постоел.

Вкусни мекици со млеко и јајца

Според овој рецепт ќе подготвите брзи и вкусни мекици.

Потребно:

1/2 л. млеко

околу 1 кг. брашно

пола квасец

2 јајца

100 мл. зејтин

1 мала лаж. сол

1 мала лаж. шеќер

Подготовка:

1. Млекото го затоплуваме, ама да не биде врело.

2. Во длабок сад за месење, квацесот се растопува во млако млеко и се додаваат јајца, зејтин, сол и шеќер.

3. Во смесата додаваме брашно онолку колку што е потребно за да се замеси тесто, отприлика потребно е околу 1 кг. брашно.

4. Тестото убаво се замесува и се остава да стои додека да нарасне.

5. Откако ќе нарасне, се кине од тестото топче (големо колку јајце) и со рака се развлекува да му се даде долгнавеста форма, (форма на мекица).

6. Во загреано масло се пржат мекиците додека да добијат убава златна боја.

Со домат и сирење, мекиците се идеални за појадок.

Јадете црн патлиџан : контролира дијабетес, и многу други болести!

Најновите  истражувања покажаа дека, насунинот, антиоксиданс кој е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот. Меѓудругото..

Додека е сезона на модрите патлиџани, не ги пропуштајте. Не е лошо да си замрзнете и за во зима бидејќи овие плодови се многу хранливи. Тие се одличен извор на витамините К, Ц, А, Б1, Б3, Б6 и Б9 (фолна киселина), а богати се и со минералите калиум, калциум, фосфор, бакар и магнезиум.

Плодовите од модриот патлиџан се чест гостин на менијата на љубителите на зеленчук ширум светот, а во веганските кујни важат за совршена и вкусна замена за месото.

Освен како храна, патлиџанот во одделни земји се применува и во медицински цели. Традиционалната кинеска медицина ја признава оваа билка како одлично средство за лекување на гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Популарно