Велешанец осуден на година затвор за малтретирање мачка !

Првата судска пресуда заради убивање на животно е изречена во велешкиот суд. Условна казна затвор од една година и три месеци условно, доби велешанец кој малтретирал и убил бездомна мачка.

Откако судот утврдил дека 78 – годишниот човек го сторил грзоморниот чин ја донел пресудата во само едно рочиште, а сведочеле очевидци кои го виделе и пријавиле во полиција. Полицијата поднела кривична пријава.

Сведоците на настанот, изјавиле дека виделе кога старецот му го свиткал вратот на мачето и го усмртил. Кога пријавиле во полиција инспекторите ги гледале со неверување што пријавуваат,бидејќи сметале дека не можат кривично да го гонат сторителот. Тие пак, биле упорни затоа што знаеле дека во кривичниот закон постои член според кој се казнува секој кој ќе малтретира животно. За ова дело се пропишани затворски, но и парични казни.

Ова не е прв случај јавноста да биде згрозена од малтретирање на животни, но е прва објавена осудителна пресуда против несовесни луѓе. Од здруженијата за заштита на животни охрабруваат секој случај да се пријавува во плиција. Ке бараат измена во законот за негово опрецизирање бидејќи во него е пропишана казна за малтретирање, но не е  и за убивање на животни.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно