Велешанец осуден на година затвор за малтретирање мачка !

Првата судска пресуда заради убивање на животно е изречена во велешкиот суд. Условна казна затвор од една година и три месеци условно, доби велешанец кој малтретирал и убил бездомна мачка.

Откако судот утврдил дека 78 – годишниот човек го сторил грзоморниот чин ја донел пресудата во само едно рочиште, а сведочеле очевидци кои го виделе и пријавиле во полиција. Полицијата поднела кривична пријава.

Сведоците на настанот, изјавиле дека виделе кога старецот му го свиткал вратот на мачето и го усмртил. Кога пријавиле во полиција инспекторите ги гледале со неверување што пријавуваат,бидејќи сметале дека не можат кривично да го гонат сторителот. Тие пак, биле упорни затоа што знаеле дека во кривичниот закон постои член според кој се казнува секој кој ќе малтретира животно. За ова дело се пропишани затворски, но и парични казни.

Ова не е прв случај јавноста да биде згрозена од малтретирање на животни, но е прва објавена осудителна пресуда против несовесни луѓе. Од здруженијата за заштита на животни охрабруваат секој случај да се пријавува во плиција. Ке бараат измена во законот за негово опрецизирање бидејќи во него е пропишана казна за малтретирање, но не е  и за убивање на животни.

Коментари

Популарно