ВИДЕО: Погледнете го првиот официјален трејлер за „Деца на сонцето“

„Деца на сонцето“ е филм на Антонио Митриќески, чија што премиера ќе се одржи во септември. Се работи за љубовна драма, која е снимана на  Преспанското езеро, во Битола и Скопје.

ta

Во фокусот на приказната се наоѓа едно македонско семејство кое живее на работ на егзистенција. Главните ликови во филмот ги играат: Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Билјана Танески, Ѓорѓи Јолевски, Сашко Коцев, Камка Тоциновски и други.

Музиката за филмот е на  Влатко Стефановски.

Директор на фотографија е Јарослав Шода од Полска, а монтажата е на Андрија Зафрановиќ од Хрватска.

Коментари

Популарно