Александар Шолган, познат по тоа што ги популаризираше таблетите екстази, почина на 88 години. Или после 4.000 психоделични искуства.

Александар беше американски хемичар и фармаколог со руско потекло, добро познат по воведување на главната состојка во екстазите МДМА во психологијата.
Неговата сопруга веста ја потврдила не Фејсбук, објавувајќи дека фармакологот починал на 2-ри јуни, покрај најблиските, додека свирела будистичка музика за медитација.
Саша, како што го нарекуваа, открил, создал и лично тестирал стотици психоактивни хемикалии, при тоа документирајќи ги резултатите, заедно со неговата жена. Резултатите се објавени во PiHKAL и TiHKAL.

Има информации според кои хемичарот бил на психоделични супстанци 4.000 пати во животот.
„Д-р. Шолган носеше џинс, хавајски кошули и сандали без чорапи. На вратата од неговата лабораторија имаше знак за нуклеарна опасност: `тоа ги одвраќа крадците и луѓето од одделот за наркотици`“ изјавил Шолган.