ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ДР ИГИ: Го изгубив цело семејство, со години ми умираат најблиските!

Пејачот Игор Тодоровиќ, познат како Др Иги, беше многу популарен во деведесетите години и многу негови песни се слушаат и денес. Меѓутоа, многумина се прашуваа каде е тој денес, а српски Телеграф откри зотшо толку долго не направил некој хит...

hitportal-doktor-igi-260x175

- Верувајте ми, јас не ни заминав од сцената. Работев сите овие години, но во план имам нов сингл, кој би требало да излезе на пролет. Никогаш не правам нешто само колку да се направи, се надевам дека ова ќе биде голем хит. Не сум сигурен дека ќе може да ја надмине песната „Очи боје туге“, но ќе видиме како публиката ќе ја прифати новата песна, вели Иги за Телеграф.

Музичарот доживеал семејна трагедија, во која останал без брат, татко и мајка.

- Многу ми е тешко. Го изгубив целото семејство. Прв почина брат ми, 2005. година и тогаш имаше 31 година. Беше многу млад. Таткото го изгубив неколку години подоцна, а мајка ми почина минатата година. Тоа ме уништи. Не можев да се опоравам. Останав сам, живеам сам, а семејството на мајка ми многу ми помогна во тие моменти. Одам понекогаш на неколку дена кај нив, тие ми се најблиски, вели Др Иги.

Музичарот не крие дека би сакал да се ожени и да добие наследник, или наследничка.

- Иако немам девојка, крајно време е да се оженам. Имам една девојка во план, па ќе видиме...

Коментари

Популарно