Новиот Samsung Galaxy S6 ќе има помал екран и ќе чини...

Новиот Galaxy S6 ќе се појави на пазарот следниот месец, а до тогаш постојано ќе се појавуваат информации и шпекулации за перформансите и карактеристиките на новиот врвен телефон на Samsung.

Galaxy-S6

Најновите информации доаѓаат од Индија, односно сајтот Zauba кој тврди дека две верзии на Galaxy S6 се влезени во државата за тестирање и евалвација.

Телефоните ја имаат ознаката SM-G920A и имаат 5-инчни екрани што е помало од актуелниот Galaxy S5, а најавите сугерираат и дека телефонот ќе има QHD резолуција.

Според информациите на сајтот, цената на телефонот ќе биде 405 долари, иако јасно е дека ова нема да биде финалната цена на сите пазари.

Дел од спецификациите на телефонот што ги објавува сајтот се и Exynos 7420 чипсетот со осум јадра, 3GB RAM и камера со 20 мегапиксели. Samsung Galaxy S6 би требало да биде претставен на World Mobile Congres во Барселона на почетокот на март.

Коментари

Популарно