30 години на естрадата, 11 албуми, балканската мега ѕвезда Дино Мерлин овој месец ќе одржи спектакуларен концерт во арената Борис Трајковски. Го сретнавме во ресторанот на Т.Ц.Ц. Гранд Плаза и му поставивме неколку интересни прашања. Вистинското име му е Един Дервишхалидовиќ, а ние го прашавме од каде уметничкото име, Дино Мерлин?