ОВЕН
Годината која е пред вас има две конотации. Меките и убави аспекти ќе бидат засилени за родените во одредени години, како на пример 43, 50, 57, 64, 71, 78, 85, 92, а кај родените во овие години може да се очекува дека тврдите аспекти нема да делуваат со полна сила, туку малку поуспорено и поненагласено на скоро сите полиња кои не функционирале како што треба во минатото или пак на рсчистување со тоа што не функционирало.За жал постои и една можна следна група на родени во овој знак кои ќе имаат засилени тестови, што подразбиа дека сите тешки или тврди аспекти ќе бидат позасилени, а оние меките и не толку заштитнички настроени, посебно за родени во годините 39, 46, 53, 60, 67,74 81, 88-та Кај нив ќе биде исклучителната потреба да се менуваат, и да не го трошат времето и сопствените ресурси очекувајќи дека работите сами од себе ќе се сменат или ќе се сменат околностите.
Јануари
Многу позитивни одлуки, ветувања кон домашните, можеби кон едниот родител, зависи на која возраст сте, за време на божикните празници посебно, но кон 07-ми веќе некакви финансиски тешкотии и можности за расправии на таа тема со истите.
Февруари
Февруари никогаш не бил ваш месец посебно од половината натаму, можни се немири, непредвидливи емотивни изблици, предвидливи реакции кон сентименталности и оттаму лесно искористливи од лу|е кои знаат како реагирате на плачливо замолување. Од половината на месецот фанатична потерба по некакво докажување, настојчивост и јас па јас, со многу ниска изгледност за успех.
Март
Март е ваш месец, посебно од 12-ти натаму, по сите прашања, и толу ќе бидете обземени со себе што тешкотиите и нема да ги забележите, или ќе се правите дека не постојат. Ви се зголемува храброста и оттаму можеби и ризични потфати, дејности и акции. Среќата на ваша страна но не би ја проверувал околу 26-ти.
Април
Најголем дел од енергијата ќе насочувате кон материјалните нешта и кон парите, новно заработување. Лошо користење енергија на тој план и посакување не многу да сторите а се да ви се овозможи. Погледнете го уводот од знаков, ако сте од првата група и некако, оние од втората никако.
Мај
Почетокот на месецот не ви носи посакувани аспекти и најчесто се можни проблеми на доверително-должнички теми. Или некој ви должи па тешко да си ги вратите парите или пак вас ќе ве бркаат за враќање, било да е тоа на приватен или деловен план, био да сте задолжени кај приватно лице или во некоја институција.
Јуни
Месец во кој трпите неколку аспекти не нужно лоши но бидејќи се работи за тешки планети нема баш место за некаков поголем оптимизам ако не сте сериозни, и насочени. Околу 07-ми застој, исчекување, можни разочарувања, комплекси, лаги, измами, од најблиски, брат сестра или некој друг толу близок. Родител се вмешува, околу 11-ти па можно е да се изгладат работите но не без последици по натамошните односи. Окоилу 17-во месецов се размавтувате, имате енергија бестрашни сте, многу комуникации посебно на qубовен план
Јули
Може да манифестирате променливо расположение, кое нема да се менува на ден туку на саат. Можни се нескладни односи со поширокото но и со потесното семејство, посебно со партнерот кој нема да биде одушевен од вашиот егоцентризам и егоизам секако. Но за вас лично ова е месец на проспиритет, на многу убави нешта кои ќе си ги овозможите без многу пардон за чувствата на оние околу вас.
Август
Месецов може да е доста неповолен за вас, со можности за големи неуспеси , разочарувања околу 08-ми под влијание на долготраен аспект кој може да трае и 40 дена. Се однесува на вашиот деловен и приватен статус, положба, и позиција. Ова за некои ќе значи и големи проблеми со партнерот, па и можни раскинувања и разводи.
Септември
На ред е некаква средување на некаква документација или потреби по инсистуциите, запишување на високошколкси институции, остварување на идеи и планови, контакти на големо и широко,навестувања за промени но за тоа најдобро е да почекате до 14-ти.
Октомври
Да бевте толку сталожени и ладнокрвни рационални и трезвени како месецов многу помалку работи ќе може ад ви се случат од оние непосакуваните во изминатите месеци. Завршување на многу обврски, решавање на некаков ситен здравствен проблем но внимавајте на каков начин. Периодот е околу 19-ти во месецот.
Ноември
Ова не е лош месец за вас лично иако не ви одговара периодот баш најмногу, и покрај можностите на почетокот на месецот да се биде дел од некаква помасовна криза но ова не е само аспект за вашиот знак туку се однесува и на сите други. И во тоа ќе имате доста среќа и среќни околности
Декември
Ова може да е најqубовниот месец во годината иако не верувам дека ќе бидете без тоа и во другите месеци иако со помал интезитет и воглавно односи на сексуална основа. Можни се нови запознавања, контакти врски најчесто во периодот од 07-14-ти. Всушност, најголемата енергија ќе ја насочувате кон партнерските односи.