Годишен хороскоп за 2013 - Бик

     

    БИК

Може да се рече дека оваа година за повеќето од овој знак ќе биде развојна година, освен за можеби родените во 42, 49, 56, 63, 70, 77, 84, 91 кај кои е можно поради отпорите што ги даваат кон промените да имаат задоцнето расчистување, што секако ќе биде многу “поскапо” платено оттколку да се прифатело кога за тоа било време а не да се подгрејуваат работите да опстојат со лажни надежи и измислени чувства.

Упорни сте во својата матерјалност, што подразбира повеќе верба во она што ќе го видите, чуете и почувствувате на непцето оттколку во спиритуалното, а чувствата, се токму дел од спиритуалното.

Најчесто сте тврди на промени а бидејќи имате и исклучителна посесивност и се е за вас посед, и брак и деца, и куќа и автомобили, тешко се откажувате на пример од бракот кој не го бива и секогаш калкулирате поме|у чувствата, и стандардот.

Јануари

Почетокот на годината со нови почетоци на финансиско поле, кое е исклучително поволно со конотации на среќа, . Некакви поволности веќе веднаш по новогодишните празници веќе на 4-ти, добивки но може и во друг облист а сепак вредности, и аспектите се долготрајни.

Февруари

Малку тврди аспекти за месецов, посебно на финансиски план, можеби чергата пократка од нозете, а нозете многу испружени, и тоа минатиот месец, поради тоа нервози и недоразбирања, напнати односи со родител и партнер околу 10-ти.

Март

Имате тешки комуникациски можности посебно со најблиските можеби ваши можеби на партнерот, можеби се заедно, важно се заедно бара трансформација, и тоа ваша, и не надевајте се дека некој ќе се смени поради вас.

Април

Овој месец зголемена енергија, значи поголема енергичност, одлучност, самодоверба до неслутени граници, делувате моќно на моменти и застрашувачки, но за жал зголемена ви е и догматичноста, тврдоглавоста и вербата, ама исклучиво во сетилата.

Мај

Многу расправии, најчесто со авторитетена личност, ако ви е таков партнерот, тогаш и со него, но не скриена од светот, ќе знаат и други, но можеби и поради него расправии со некој друг, најчесто некој постар, но вие реков силни и догматични решителни. Можеби и пререшителни. Доста можни драми

Јуни

Разочараност, лошо користење на енергија, би требало да имате малку повеќе верба во интуицијата и да се организирате уште од март, да не дојдете во таква состојба. Манифестација на инфериорност околу 07-ми, манифестација на комплекси, пазари со себе.

Јули

Голем и тежок месец можеби некаде и ќе појдете на кусо време, но нема да ви е до одмор, чести промени на расположение, емотивна фрустрираност како можност, можни стомачни проблеми поради латентна нервоза. Ова ви е втор знак дека треба да менувате нешто. Тргнувајте на одмор на 13-ти

Август

Интересно релаксацијата може да ја најдете само во нечија прегратка, па оттаму месецов само на тоа и ќе мислите или кон тоа ќе бидете насочени. Доста страсти, потреба од секс, доминација и егоизам.

Септември

Тврдоглавост која не дава резултат, но која ви дава сатисфакција и го храни вашето его и суета. Запознавање на постара личност која може да ви стане партнер ако сте женски род и сте по таа чест. Машките не се одлучни од голем избор.

Октомври

Месец на дисциплина и строгост, нешто намалена идејност, работите по усталени тертипи и програми. Слаба инвентивност и креативност. Диктирате пресилен темпо на работа, можеби како компензација за нешто што не чини дома, но здравјето поради тоа загрозено

Ноември

Можеби на општ план работите ќе бидат покоплицирани од оние на приватен кој пак има тенденции на смирување, можеби започнување на нешто ново, доста среќа притоа, финансиски погодности околу 19-ти, решавање на значајни правни или административни работи.

Декември

Qубезности, дарежливост, кооперативност, човек да не ве препознае, убедливи. Одеднаш ги забавувате и другите. Реагирате на неправда но не само кон себе туку и кон другите. Малку тромавост и мрзеливост околу 25-ти.

Коментари

Популарно