Годишен хороскоп за 2013 - Близнаци

      БЛИЗНЦИ

Ако во 2011 сте расчистеле со крупни работи кои не ги бивало биле трули и скапани, без оглед за што се работи, тогаш веројатбноста дека сте започнале нешто ново во 2012 е голема, а она што следи е развој, дефинирање на почетоците во препознатлива форма и облик, нможеби нови односи, во секој служај многу комуникации, највеќе чувства.

Кон кажаново највеќе би тербало да реагираат родените во годините 63, 70, 77, 84, посебно оние од 91-ва, 92-ра кои имаат и највеќе право на грешка а оние од 63 таква можност и немаат веќе. најинтензивна година може да биде на родените во знакот кои се родени во следните години 43, 50, 57, 64, 71, 78, 85.

Останатите помалку или повеќе ќе имаат интензивни периоди, наместа многу сентиментални, емотивни, наместа многу рационални, но не со таков интезитет на расчистувања и можеби силни животни потреси. Сите сте на некаков начин заштитени се до половината на годината.

Јануари

Првиот месец во новата година и не е лош според аспектите, имате прилично голема заштита, барем што се однесува до ваши интереси, планови но и некакви правни или административни таботи. Можни се само нервози и проблеми поради здравје и здравствена состојба на постара роднина.

Февруари

Исклучителна социјална активност, можеби контакти и со некого во странство, можен пат натаму но и некакви решавања на правни , административни или школски потреби и обврски, документација кон 10-ти месецот, а засилување на волјата и нејзина манифестација ќе изненади многумина на наведените теми но и некои роднини околу 15-16-ти.

Март

Решеност да се постигне и оствари зацртаното, поскауваното, да се спроведат плановите. Аспектите на ваша страна, протекциите исто, мислам на планетарните, но и земните не се покуси, останува под знак на прашање само вашата доследност во простор и време, издржливост, што зависи од вашите лични хороскопи. Исклучително поволен период 12-26-ти. Ненадејни qубовни случувања, со сексуален предзнак.

Април

Најголем дел од енергијата ќе ја трошите на борба со ветерници и со скриени непријатели кои ви работат зад грб, со нивната завист и секако повредена суета, напредувате, постигнувате, си живеете свој живот а тоа на некои им пречи. Лукави и завидлви пријатели и пријателки, подлости и невидени опструкции (26-ти, како можност) за кои и нема да знаете. ќе дознаете дури многу подоцна. Можеби не и годинава.

Мај

Ги буткате своите интереси без многу пардон, немате баш нешто премногу респект кон ту|ите интереси, па оттаму можни и конфликти, околу 01-ви и 20-ти како можни периоди. Пријатели кои не се премногу лојални, напротив но и самите со своето однесување сте си виновни за тоа. И вие така се однесувате кога тие се во прашање. Можна жртва сте на лична заблуда

Јуни

Малку сте издишани а летото не е ниту запонато. Ова е ваш месец ама го дочекувате скоро без енерија. Како да очекувате работите сами од себе да се случуваат што не е можно, а ќе биде и забележано од некој кој не ве мириса многу и сепак ви е претпоставен. Можностите се на поетокот на месецот околу 07-ми, но набргу ќе се консолидирате, сонцето во вашиот знак ќе ви даде дополнителен стимул, па околу 17- веќе ќе бидете како навиени и во полна форма. И во qубовта секако.

Јули

Јули како и ноември се доста значајни месеци и за вас и за другите знаци. Исклучително поволен перод имате околу  17-20-ти, во прашање е финансики план но и планиот на критериумите, вредносните системи, можеби некаква инвестиција од поголем калибар во недвижнина, стан куќа автомобил. Одмор секако, ако не сте морално по некаква заработувачка.

Август

Месецов доста тензичен, напнат, нервозен, многу расптавии се можни со познати но и блиски, можеби во прашање се брат сестра, школски другари оние со кои одржувате врски најголемиот дел од животот. Нетактичност, претерување, неприкосновеност, не трпење спротивставување. Дата која е симпроматична при крајот на месецот околу 27-ми.

Септември

По август почетокот на овој месец може да биде доста лош но само до 09-ти после кој ви се зајакнува креативноста, па можни се нови почетоци, зафати, преправки, реновирања. Вниманието насочено кон домот или кон едниот родител ако здравјето не му е добро од поодамна.

Октомври

Поради низа причини од кои едната веќе ви ја споменав како можност некакви проблеми со здравје на постара личност секако еден родител како можност големи нервози, напори, со можности да си го доведете и ваќето здравје во прашање. Зголемено конзумирање цигари, ако сте по таа чест, а богами и средства за смирување.

Ноември

Полека се решаваат нештата и се средуваат, иако средувањето понекогаш нема да ви се допадне но тука не можете баш премногу да влијаете. И понатаму вниманието е кон домот, едниот родител, но и некакви финализирања на некои нешта кои сте ги започнале, или промена на некаков домашен режим. Посреќни нешта се случуваат од 07-09-ти натаму.

Декември

За вас ова е месецот на qубовта и таквите чувства. Ако сте во “потрага” по партнер, може нема предалеку да појдете, па некоја пријателска дружба може да прерасне во нешто повеќе. Сепак, вие сте повеќе за “игри” оттколку за чувства, па оттаму ненадејни случувања, еротика, секс...

Коментари

Популарно