Македонскиот војник кој се најде на насловната на Британски телеграф

Фотографија со македонски полицаец со дете бегалец осамна вчера на насловната на британски „Телеграф“.

policaec-migranti-telegraf-naslovna-640x396

Фотографија со македонски полицаец со дете бегалец осамна денес на насловната на британски „Телеграф“.

Откако светската јавност остана шокирана од фотографиите на телото на дете бегалец исфрлено на брегот на Бодрум во Турција, британскиот весник Телеграф посвети текст токму на невините жртви на мигрантската криза, односно на децата бегалци.

telo-dete-111

На насловната страна на весникот денес осамна фотографијата на млад македонски полицаец со дете бегалец во рацете, фотографирана на јужниот граничен премин на земјата.

Напливот на деца кои умираат и страдаат ја засили дебатата во Европа за тоа како да се одговори се полошата мигрантска криза. Во Турција, телата на две момчиња на три и петгодишна возраст беа исфрлени на брегот откако пренатоварениот брод со бегалци потона на патот кон Грција.

Во меѓувреме во Македонија беше фотографиран полицаец со дете бегалец во рацете кое плаче на граничниот премин во Грција, пишува весникот.

policaec-migranti-telegraf

Фотографијата која осамна во британскиот весник го покажа вистинското хумано лице на Македонија.

Македонската полиција и припадниците на АРМ кои се ангажирани да го чуваат редот и да спречуваат масовни и неконтролирани преминувања на мигрантите кои во голем број надојдоа од територијата на Грција, од време на време ги спуштаат штитовите за да им помогнат на изнемоштените да добијат соодветна лекарска помош.

migranti-zeleznicka-gvg-mia-3

Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им поделуваат вода на мигрантите, а им помагаат и на мајките со деца и на бремените жени.

Фотографијата објавена во британскиот весник, не само што говори за големиот број деца мигранти кои патуваат низ Балканот, туку и ја отвара дебатата како и на кој начин треба да се постапува со нив.

Коментари

Популарно