ФОТО РЕПОРТАЖА: Манастирот Трескавец по Пред дождот и пред пожарот:(

Денеска Македонија загуби дел од едно светски непроценливо богатство. Во пожарот изгореа конаците во преубавиот манастир Трескавец, за среќа беше спасена црквата која е дел од комплексот. Zase.mk низ фоторепортажата на Златко Божиновски ве потсетува како до денеска изгледаше оваа дарба од Господ.

Манастирот Трескавец, познат како Света Богородица сместен е на десетина километри од Прилеп на падините под врвот Златоврв.

Се верува дека е изграден во XII, односно XIII век.

Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Подоцна бил надограден во XIV век.

Поради својата уникатна убавина манастирот е привлечен за голем број странски туристи, но и за странските амбасадори во Македонија, речиси и да нема такви кои не го посетиле.

Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородично.

Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во „Трескавец“ се снимени сцени од два филма на Милчо Манчевски, „Пред дождот“ и „Прашина“

Најпосетуван е за празникот Богородица 28 август . Тогаш во манастирот се собираат голем број варошани и прилепчани да го означат овој свет ден.

Местото е толку недостапново карпите, што е вистинско чудо како е изграден комплексот

Зачувани се и кујната и трпезаријата од XIV век.

Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Планинарска патека низ карпи и ниски треви води од Прилеп до манастирот.

Во близина на манастирот поставен е патоказ кој покажува колкава е оддалеченоста од тоа место на неколку светски метрополи.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари.

И во минатото гореле и биле уривани македонски цркви и манастири, но македонската сплотеност и верба во Бога секогаш успевале одново да ги изградат и тие повторно да блеснат со сета своја убавина. Така ќе биде и овој пат сите заедно повторно ќе го изградиме Трескавец.

Автор: Златко Божиновски

Коментари

Популарно