Бизарно: Медицински сестри прават селфи со неподвижни пациенти!

Две медицински сестри се сликаа насмеани во соба полна со пациенти на невролошкото одделение во сомборската болница. Фотографијата ја објавиле на „Фејсбук“.

сестри

Инцидентот се случил во болницата „Др. Радивој Симоновиќ“ во Сомбор, Србија. За една од медицинските работнички тоа било последен работен ден, пред да се иссели од државата.

Жена, чија баба е на фотографијата, вели дека вака се руши достоинството на пациентите.

– Неодамна мојата баба беше во таа болница. Погледнете што се случи. Ова е етички неисправно. Голем скандал – вели девојката за српските медиуми.

Фотографијата е отстранета од „Фејсбук“, а следуваат санкции за сестрата која ја направила. Другата работничка ќе помине неказнето бидејќи веќе не работи таму.

Коментари

Популарно