Кој му испрати 1001 роза на Боки 13 за роденден?

Пред спектакуларната прослава на 30от роденден, Боки 13 на Фејсбук се пофали со букет од 1001 роза. Фотографијата од цвеќињата осамна на социјалните мрежи, а сите се прашуваа од кого македонскиот шоумен доби вакво изненадување за роденден. Едни од коментарите на социјалните мрежи беа и дека тој не би изненадил ако и сам на себе си ги пратил розите. Но сепак, иако Боки јавно не откри од кого е букетот, блиски извори до него велат дека им се доверил, и дека прекрасните рози се од газда на познат скопски ресторан.