На кој начин е менструалниот циклус поврзан со животниот век кај жените ни открива големото истражување во коешто учествувале 16.000 жени.
Ова опсежно истражување спроведено на Универзитетот во Сан Диего, чиишто резултати се објавени во магазинот "Menopause", ги проучувало податоците на 16.000 жени во менопауза.
Помеѓу испитаниците коишто својата прва менструација ја добиле со 12 или повеќе години и во менопауза влегле со 50 или повеќе години, најмногу застапени биле оние жени коишто воопшто доживеале 90-та година од животот.

- Пронајдовме дека жените коишто подоцна добиваат менструација, имаат помалку здравствени проблеми, како на пример коронарни болести на срцето, и жените коишто влегуваат во менопауза подоцна, почесто имаат одлично здравје, што може да биде објаснување за нашето откритие, изјавил авторот на оваа студија Аладин Шадиаб.
Помеѓу жените коишто подоцна добиле менструација и подоцна влегле во менопауза, исто така имало и помал број на пушачи, како и жени со историја на дијабетес.

Авторите на оваа студија потенцираат дека сепак се неопходни дополнителни истражувања за точно да се одреди зошто постои таква поврзаност, но од досегашните истражувања јасно е дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот, без исклучок.