
Се препорачуваат 4 главни намирници: банани, ориз, јаболка и тост
Се спремате да заминете на годишен одмор, но во последен момент се соочувате со дијареја. Без оглед на причините за нејзината појава, дали знаете што треба да јадете и да пиете ако имате дијареја?
Запомнете, секогаш се препорачуваат 4 главни намирници: банани, ориз, јаболка и тост. Овие намирници лесно се варат и нема да ја оптоварат работата на цревата.
Се разбира, треба да пиете и многу течности, а особено вода. Пилешка супа, кокосова вода или чај, исто така, можат да ви помогнат. Кога ќе се опоравите малку, ако сте гладни, јадете кајгана.
Што не е добро да јадете и да пиете ако имате дијареја?
За жал, долг е списокот на намирници, кои треба да ги избегнувате ако имате проблеми со дигестивниот систем, бидејќи тие можат само да ја влошат ситуацијата. Еве што не се препорачува:
млеко;

пржена храна;
свинско месо и јагнешко месо;
сардини;
суров зеленчук;
кромид;
пченка;
цитрусно овошје;

кафе;
вештачки засладувачи;
алкохол;

сокови и газирани сокови;
мрсна храна;
брокули;
грав;
грашок;
пиперки;

Кога на лекар?
Иако во принцип најголемиот дел од дигестивните тегоби може да се лекуваат дома, во следниве ситуации треба да се јавите кај вашиот лекар:
ако дијарејата трае 2 или повеќе дена;
ако сте дехидрирани;
ако чувствувате силна абдоминална болка;
ако имате покачена телесна температура.
Дијареа- како да ја спречите?
Колку често ви се случило за време на летен одмор да добиете стомачни проблеми, проблеми со варењето на храната, тврда и нередовна столица или пак честа дијареа?
На секој од нас му се случило да се соочи со непријатното чувство кое го предизвикува, лошењето, како и честите посети на тоалетот проследени со болки во стомакот. Телото пеку дијареа може да ги исфрла лошите бактерии надвор од организмот. Дијареата може да биде предизвикана од најразлични предивикатели:
грип
антибиотици
труење со храна
вирусна инфекција
вода со бактерии
гастроинтестинални проблеми

Акутна или хронична дијареа?
Акутната дијареа предизвикува 3-4 столици за време на денот. Трае неколку дена . Хроничната дијареа трае повеќе од 14 дена. Овие случаи се резултат на посериозни проблеми за кои е потребно да се побара стручна консултација и преглед од медицинско лице.
Дијареата е честа појава кај младите деца. Вирусна инфекција е често причинителот на оваа состојба. Дијареата која се појавува при патување е исто така честа појава на дијареа. Може да се појави во случај на пиење на нечиста вода и при промена на климатски услови.
Децата, бремените жени и повозрасните лица кои се соочуваат со диајреа потребно е да бидат посебно претпазливи поради тоа што се посебно сензитивни на дехидратација.
За време на дијареа многу е битно што јадете и пиете. Дехидратацијата од дијареа може да биде дури и фатална. Затоа многу е битно да останете хидрирани и да пиете и да консумирате храна што содржи многу течности, а во исто време нема да ги зголеми симптомите на дијареата туку напротив да ги редуцира.
Пробиотици:
Пробиотиците се природен лек за дијареата. Тие се есенцијални живи бактерии кои постојат во некои производи како јогуртот. Многу се поделотворни доколку ги консумирате во форма на пастили или пак прашоци или капсули на природна основа.
Антибиотиците често ги острануваат сите добри бактерии кои живеат во вашата цревна флора. Тие исто така може да се предизвикалтели на дијареа. пробиотиците помагаат да се регенерира добрата бактериска флора во во вашите црева. Lactobacillus GG, acidophilus, и bifidobacteria се трите најчести типови на пробиотски бактерии .

Бактеријата Lactobacillus acidophilus создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетни цревни бактерии, а со создавањето ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на оптадот од организамот. Поради тоа е особено корисен за лицата кои се алергични или тешко ја варат млечната храна.
Летото е сезона на цревни инфекции. Високите температури придонесуваат за размножување на бактериите, вирусите и цревните паразити, кои најмногу ги напаѓаат бебињата и малите деца заради нивниот сеуште неразвиен имунолошки систем, но не се поштедени ни возрасните. Ризикот од појава на цревни инфекции е поголем при патување и годишен одмор, бидејќи потешко може да се воспостават хигиенски услови.
За лечење на стомачните проблеми потребни се пробиотици кои помагаат да се регулира цревната флора. За организмот да не дехидрира треба да се земаат што повеќе течности, а во аптеките можат да се купат многу лекови кои содржат електролити со кои се надоместува изгубената течност.
За време на високи летни температури метаболизмот е поспор и не треба да се оптоварува со енергетски јака храна.
„На одмор треба да се јаде лесна храна која не е подложна на брзо расипување, која брзо се вари и не го оптоварува организмот“
За овие летни инфекции нема правило – ги напаѓаат еднакво и децата и возрасните, а најосетливи се лицата со намален имунитет. Цревните инфекции обично ги предизвикуваат летните вируси, кои луѓето може да ги добијат поради недоволно измиено овошје и зеленчук, од храна загадена со бактерии, најчесто салмонела, стафилокока, од неквалитетна вода, или, пак од нечисти раце. Карактеристично за стомачните вирози е тоа што членовите на едно семејство се заразуваат еден од друг, по инкубацијата што трае од еден до три дена. Постарите лица, децата, трудниците и лицата со ослабен имунитет се особено чувствителни на овие вируси.
Цревна инфекција може да се добие и при патување. За овие случаи се вели дека добиле „патувачка инфекција“ поради високите температури и недоволната хигиена, посебно на рацете. Најчесто се јавува стомачна болка проследена со пролив. Исто така, и водата од јавниот водовод во местото на одмор за летувалците може да е причина за цревна инфекција. Иако, таа се прочистува, самиот состав на водата кој е различен од онаа која дома ја користиме може да ги вознемири цревата. Но, оваа инфекција е краткотрајна и најчесто минува за еден ден.
Летните инфекции се манифестираат во блага форма во вид на стомачен грип.
„Меѓутоа, за време на инфекцијата се губи поголема количина на течности и електролити“
Најчести причинители се ентеровирусите, меѓу кои клучен е т.н. рота вирус. Патот на оваа инфекција е фекално орален, односно доаѓа од надвор преку загадена храна и вода, како и валкани раце. Инкубацијата од контактот со вирусот до појавата на симптомите на болеста трае од еден до два дена. Потоа почнуваат првите потешкотии проследени со болки во стомакот, кои се остри, продорни и дифузни. Се манифестира и нагон за повраќање или повраќање. Се јавуваат и течни столици без слуз и крв, кои во просек траат од четири до осум дена. По столицата и натаму останува чувство на лажни повици на празнење. Блага малаксаност, исто така, е впечатлив симптом како и покачена температура.
Сè што треба да знаете за Зика вирусот
Овие реакции на организмот, се јавуваат зошто доаѓа до воспалување на желудочно-цревната слузокожа. Но овој воспалителен процес минува најмногу за пет до седум дена без последици. Меѓутоа, за време на инфекцијата се губи поголема количина на течности и електролити, пред се’ калиум, поради што во потешки случаи треба веднаш да се почне со рехидратација, односно со надоместување на изгубените течности и електролити. Секако дијарејата не смее веднаш да се запре, бидејќи во неа има многу вируси што единствено на овој начин може да се елиминираат. Практично, надополнувањето на течностите, смирување на стомачните болки со лекови и одморање претставува единствениот начин за брзо закрепнување.
Превенција:
Секако, секогаш е полесно да се спречи, отколку да се лечи. Дијареата се шири по таканаречен фекоорален пат. Невидливите микроорганизми од столицата се кријат во рацете и другите површини со кои се доаѓа во контакт и оттаму доаѓаат во устата. Секој што ќе добие некоја фекоорална инфекција може да ја одложи со миење на рацете, или на тој начин ќе ја направи поблага и пократка.
Потсетете ги децата да ги мијат рацете после употреба на тоалетот и да не ги ставаат рацете во уста;
Неопходно е да се мие зеленчукот и овошјето пред секоја употреба, како и да се одржуваат чисти површините и садовите во кујната;
Ставете го месото во фрижидер веднаш по купувањето, не држете го на собна температура.
Обработувајте ја храната термички;
Покрај вода, треба да се пие слатко и кисело млеко, јогурт, билни и овошни чаеви, негазирана минерална вода.
За да се избегнат мачнините, лекарите советуваат пробиотиците да се земаат превентивно, неколку дена пред пат, бидејќи на тој начин се обновуваат добрите бактерии кои можат да спречат појава на дијареја.