На зелените пазари од вчера не смее да се продава ништо што нема прехранбена намена. Значи, облека, обувки, текстил и сите непрехранбени производи.
Исто така, оние кои продаваат зад тезгите мора да имаат лиценца, а неа не може да ја добијат вработени и пензионери.
Оваа нова законска регулатива беше донесена пред шест месеци и стапи на сила од првиот ден на 2019 година, а колку таа ќе се применува ќе видиме од резултатите на инспекциите, каде пазарните инспектори ќе бараат лиценци за работа.
За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.