На Џина Папас Џокси на последната „Златна Бубамара на популарноста“ му беше дадена награда за навека. Неговата антологиска „На Велигден“ сосема заслужено беше прогласена за „песна за век и векови“.

На денот на одржувањето на „Бубамара“ во една приватна скопска клиника се раѓа нов живот, на свет доаѓа машко бебе. Но, ниту бебето, ниту родителите не се во никаква роднинска врска со Џокси.
Сепак, пресреќната мајка без да знае што се случува на настанот, заради природниот изглед на косичката на нејзиното синче веднаш по неговото раѓање, уште пред бебенцето официјално да добие име, таа ќе му даде прекар – Џокси!

Мајката некој ден потоа, наоѓа начин тоа да му го соопшти на македонскиот пејач:
„Здраво, јас сум мајка на бебе што се роди во ист ден кога Вие добивте награда на „Златна Бубамара“. Не само што се роди на тој ден, туку без да знам дека сте добиле награда ( бидејќи гледав снимка на ТВ некој ден покасно), прекар му дадов по вас, ќе видите и зошто по сликата. Голем поздрав од мал Џокси и мајка му“ – му напишала пресреќната мајка на Џокси.

Џокси возврати со свој одговор кој го сподели на својот профил на социјалните мрежи:
„Еве нешто што ми го разубави денот, не заради прекарот, туку за почетокот на животот на ова прекрасно суштество“ – напиша пејачот.