На пиштолите за точење бензин може да има коронавирус

На пиштолите за точење бензин може да стои опасниот вирус Ковид-19, затоа е важно да се преземат потребни мерки за заштита.

И покрај социјалното дистанцирање, поединци и понатаму мораат да одат со своите автомобили  на работа или по храна и лекови.

За нив е неопходно од време на време да свратат на бензинска пумпа и да наточат бензин и главно никако не можат да избегнат контакт со пиштолот за гориво.

Експертите нудат неколку совети како да се пристапи на овој проблем: Носете со себе ракавици за еднократна употреба и задолжително ставете ги кога точите гориво. Можете да користите и повеќе хартиени марамчиња ако во некој случај сте заборавиле ракавици. Важно е да немате директен допир или веднаш после завршената работа да го фрлите тоа што сте го користеле како заштита.

Ракавици носете и за време на плаќањето, пред допирањето пари, апаратот за внесување ПИН код или просторот околу касата.

Коментари

Популарно