Вело Марковски кандидат за градоначалник на Штип!?

Во декември ќе се одржи вонредниот избор за  градоначалник во Штип, отако  актуелниот градоначалник Благој Бочварски беше назначен за Министер за Транспорт и врски..

ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да ги  искористи сите адути и да победи на претстојните градоначалнички избори во Штип.

Се чини дека во таа насока, е и кооптирањето на д-р Вело Марковски, во Извршниот комитет, највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ.

Вело Марковски на почетокот од оваа пандемиска криза стекна голема популарност во јавноста, особено со неговите ставови околу респираторите, кои се покажаа како точни, но сепак, како одминуваше времето, многу од неговите ставови беа демантирани, особено околу силината на вирусот и колективниот имунитет, односно неговата поддршка на таканаречениот Шведски модел, кој комплетно крахираше.

Вело Марковски е професор на Штипскиот универзитет, „Гоце Делчев“ и познавачи на состојбите во ВМРО-ДПМНЕ велат дека токму тој ќе биде кандидатот за градоначалник, или, доколку е пречка неговото (не)жителство во таа општина, тој би бил најистурен промотор на партијата во кампањата за изборите.

Коментари

Популарно