Компири полнети мелено месо и кашкавал

Направете компири полнети мелено месо.

СОСТОЈКИ:

5-6 компири

400 гр. мелено месо

150 гр. сланина

1 кромид

1 домат

2 прстофати бибер

1 мала шолја масло

сол

кашкавал

ПОДГОТОВКА:

Се мие и преполовува компирот, се вари во солена вода, околу 10-15 минути.

Се цеди веднаш.

Се сече кромид ситно, се ренда доматот на кој ќе му ја отстраните лушпата, се загрева масло и се пржи кромидот, сечена сланина, па доматот.

Се додава меленото месо по 2-3 минути и зачини/

Се крчка додека испари течноста.

Се вади внатрешноста на половинките компири, се полнат со месото и се става кашкавал горе.

Се печат во плех, на загреана рерна на 200 степени додека не добијат златна боја.

Уживајте!

Готви.мк

Коментари

Популарно