Како најлесно да ги смирите изгорениците од сонце?

Сакајќи да се вратиме од годишниот одмор со што е можно повеќе боја, понекогаш забораваме на правилата што отсекогаш важеле за правилно сончање.

Она што е потребно е нанесување млеко за сончање со висок заштитен фактор и криење од сонцето во периодите кога тоа е најсилно.

Веќе сигурно знаете дека сончевите зраци можат да бидат многу опасни, па доколку имате непријатно искуство со изгореници, наместо да трчате по аптеки, направете си природен лек дома.

Голема е веројатноста веќе да знаете дека еден од најефикасните и природни начини на лекување на изгорениците е студениот јогурт или кисело млеко што се нанесува онаму каде што сте изгорени.

Откако ќе го нанесете на местото, оставете го да постои 15 – тина минути, па потоа измијте го со млака вода.

Некои од другите состојки што можете да ги набавите брзо и без никаков проблем, се дефинитивно краставиците и компирите.

Во народната медицина, компирот постојaно се користи за намалување на болките, а се покажал и како одличен за лечење на помали оштетувања на кожата.

Исечете еден компир на крукчиња или иситнете го во блендер, па нанесете го на деловите каде сте изгорени. Краставиците можете да ги користите на ист начин, а уште подобро би било ако истите се малку изладени.

Друг природен начин да се справите со изгорениците е едноставната смеса од сода бикарбона и ладна вода која се нанесува на деловите каде сте изгорени во вид на густа смеса.

Оставете ја да делува сѐ додека топлината и болката не се повлечат, а потоа добро измијте ги деловите.

Во моменти кога сте изгорени, обидете се да се туширате со постудена вода и да избегнувате сапуни и други средства за капење.

Она што е задолжително, е после секое капење да користите нежни и лесни лосиони и креми за тело што содржат алое вера што дополнително ќе ја нахрани оштетената кожа!

И запомнете, ништо од ова нема да биде потребно доколку ги следите едноставните правила за здраво сончање!

Коментари

Популарно